Прво почнуваат од коски и камења. Па стигаат до еден период во 1900 и некоја година каде што се рекламира како „производ што ја оддржува жената по дома среќна.”
Во '60-ти стануваат симбол на моќ.
Се појавува стреп-онот од мука.
Луѓето почнуваат да сфаќаат дека не постојат само белци, па почнува производството на дилда во повеќе бои на кожа.
На сцена во '70-ти стапува Дел Вилијамс, првата жена со секс-шоп на која ѝ се смачува од сите тие вени и цел тој реализам. Тогаш доаѓаат шарените, розеви, плави и виолетови апаратчиња што бркаат работа, а не се напорни за гледање.
Во '80-ти го добиваме The Rabbit. А во '98-ма станува глобално познат затоа што беше реквизит за снимање на „Сексот и градот”.
А најновото се вика „Ева”.