
Џорџ Нортвуд, фризерот на Алиша Викандер и Алекса Чанг вика вака: „Расцветаната коса е резултат на оштетување, па главниот начин да се отарасиш од тоа е едноставно да ја намалиш штетата што ја предизвикуваш.” Продолжува со откривањето топла вода понатаму: „Во салон најчесто гледам расцветани врвови од прекумерно користење на пегли за исправување.” Од овде, станува покорисен, затоа што ова вечно го забораваме: „Не се четкајте премногу агресивно и користете производи за заштита од топлината. Нека има етикета „термална заштита” – некои производи штитат само од фен, не и од пегла и фигаро, па гледајте да го земете вистинскиот.”
Сепак, не е само топлината – и фризурата што ја правиме секој ден прави проблем. „Опашките и пунџите се ужас,” потврдува Нортвуд. „Особено кога користите стегачи или уште полошо, стегачи со метален дел.” Пробајте на пример со платнени стегачи или оние пластични спирални што толку ги фалат, а уште не ми е до крај јасно како тоа не кубат. Имам два дома и уште ги изучувам. Мислам дека финтата е во тоа што кога ќе ги извадиш, не останува трага на косата (не останува како што си ја држел).

И начинот на кој ја миеме косата влијае. Косата е поеластична и покршлива кога е мокра, па мора да бидете нежни ако сакате да биде добра.
„Ако можете, тушот нека ви биде директно над главата, за водата да паѓа во правецот на растењето на косата, наместо под агол. Звучи без врска, ама не е баш така – особено кај моќни тушеви,” објаснува Нортвуд. „И за да не морате многу да отплеткувате понатаму, чешлајте со регенератор под туш.”
Ова за заштита од цветање на косата – ако ви е веќе ви цвета решението е тоа најомразеното и најпаметното истовремено – шишај. Ако се едвај неколку расцветани, шишнете сами (или тоа видеото од погоре!). А ако имате време до наредното шишање, има умни начини за криење: „Масла за коса, серуми, креми се најдобри за прикривање, и даваат еден многу поухранет изглед”. Ефектот е површен, ама функционира и Нортвуд препорачува третман со мароканско масло, серуми за коса и маски. Крајниот ефект може дури и бразилски да биде, ако сте умни.
И крајниот, круцијален совет од него? „Ако сакате да ја исправите косата и да користите масло, ставајте го после исправањето. Ако планирате да ставите пегла на коса откако ќе ставите масло, ќе ви изгори, како што обично горат ствари во прегорен зејтин во тава.”
Овде има и финти за будење со совршена коса, а овде како да се справите со слаба коса. Зима е, нели треба тоа да стане како од реклама до пролет?