Нас ни требаат бразилски финти за коса

Од миење коса со дождовница, до масло што наместо во тава завршува на коса, плус совети од баби – сè ни е пробано. Ама може треба да видиме што викаат Бразилките.

Нивната традиција за чување и негување на косата се пренесува со генерации од мајка на ќерка и девојчињата почнуваат многу рано. И викаат вака:

1. Се почнува од мали нозе со маски и често

„Мајките почнуваат од 5-6 годишна возраст да им прават третмани за хидратација на косата на ќерките, или на фризер или по дома,“ објаснува Амелиjа Алвес, постара фризерка и координатор за обука во Новекс.

Третманите се често хомеопатски. „Јас и мајка ми порано правевме третмани со масло од Бразилски орев,“ вели Валерија Кол, основач на Теадора. „Се топли, се нанесува, се става капа за туширање и се остава 30 минути пред да се измие со шампон и регенратор.“ Се колнат и во препарати за заштита од сонце.

2. Пробајте да направите капа од косата

И тоа, тие го викаат beanie, и е една од најстарите традиции што се пренесуваат. Техниката се вика Тока де Кабело (нешто како капа од коса), и природно ја исправува косата без пеглање или губење многу време. Значи, со шноли, самата коса замотајте ја и прицврстете ја околу главата (има видео) и покријте ја со некаква хулахопка или нешто слично и преспијте. Утредента имате мазна и мека исправена коса, без да ја изгорите.

3. Кои се најдобрите состојки што ги има во Бразил? Вака вели Кол:

Масло од бразилски орев: за хидратација, мекост и сјај

Путер од Cupuaçu (растение сродно на какао): исто

Палмино масло (Buriti): сè горенаведено, плус здрав скалп

Масло од пеки (Pequi): за смирување локни

4. Не штедете на Кератин

Ја зајакнува структурата, повторно го воспоставува природното движење и сјајот. Ова е и составен дел од популарниот бразилски кератински третман за исправување на косата.

5. Шишајте се според месечеви фази

„Бразилците се многу суеверни луѓе,“ објаснува Кол. „Многу жени во Бразил се шишаат во различни фази на месечината за да постигнат одредени резултати. Мајка ми (а и повеќето жени) тврдат дека не смее да се игнорира месечината и дека сè е во тајмингот.“

И тоа оди вака:

Млада месечина: ги зајакнува прамените

Полумесечина: го забрзува растењето и го подобрува сјајот

Полна месечина: повеќе волумен

Ова со шишањево можете да си го олесните и вака.

6. Чоколадо за темна коса

Чоколадото содржи витамини и минерали што ја хранат косата и многу е популарно во Бразил. Има еден домашен рецепт кој прави чуда, ама нас ќе не интересира тоа што мириса на чоколадо. Се прави со шолја флаширана вода, полна лажица пченкарно брашно, полна лажица од омилениот регенератор или маска, една кафена лажица какао во прав, половина кафена лажичка растителен глицерин и една кафена лажичка од било кое масло што се препорачува за коса

Измешајте ги брашното, водата и какаото, па загрејте ги за смесата да стане густа. Потоа треба да се олади, да се додадат другите состојки на влажна коса по миење, да се остави 30 минути и да се исплакне со ладна вода.

После се станува Жизел Бундшен.

Еве го:

7. Отстранете ги расцветаните врвови со свеќа

Ова ко да е опасен совет за било кого, ама ај да видиме што викаат:

Се вика велатерапија, или шишање со свеќи и измислено е во Бразил во ’60-тите – се користи свеќа за да се изгорат расцветаните врвови на косата и се отвара фоликулот на влакното за да ја задржи природната влага и должината. Во секој случај, еден search на Јутјуб со додаток fail ве дели од причината зошто најверојатно не треба да го пробувате ова сами.

Ај сега сите:

10 јули 2017 - 10:58