
Миење:
Значи, рековме, се мрси брзо. Ова е поради тоа што самото влакно е помазно и попорозно од другите типови на влакна, па мрсното повеќе се гледа во коренот. Тоа се менува според текстурата; слаба коса што е истовремено права може да делува мрсна и само неколку часа после миење, а виткана може да биде добра со денови. Но, генерално, смеете да ја миете почесто од другите типови на коса.
Без разлика колку често ја миете, ова ви е важно: каде ставате шампон прави голема разлика. Паметно е да нанесете на коренот, каде што е валкано, а не на врвовите каде што не е. Потоа, на врвовите ставете регенератор каде што е пожедна и бара влага, а не на коренот – ќе ви ја сплеска. Ако сакате волумен, користете помалку регенератор, а повеќе шампон. Ако сакате помека коса, не се плашете од второво.
Шишање:
Бидејќи слабата коса е чувствителна во однос на формата, мора да бидете внимателни – сите детали, и добри и лоши излегуваат кога ќе се ишишате. Сепак, ова може да се искористи како плус, ако имате добар фризер што знае да интерпретира фраза како „меки, суптилни слоеви”, и ако ве шиша на суво. Каде и да се шишате, не претпоставувајте дека ќе ве разберат со два три збора. Дајте историја на коса – кажете што ве мачи, како се однесува и колку повеќе информации ќе дадете, толку поуспешна ќе излезе на крај – ако фризерот не е идиот.

Обликување:
До вас е како ќе одлучите, но сепак си бара експериментирање – а тоа може да тргне наопаку. Но главниот совет е многу едноставен: Користете производи за зацврстување, наместо производи на база на масло. Џеј Браф вика, „Без разлика на брендот, производите влегуваат во две категории: на база на масло – масло за коса, крема, серум... таканаречени и производи од кои луѓето со слаба коса треба да се чуваат. Другите се за зацврстување – гелови, спрејови со морска сол, суви шампони, мусови... Го обвиткуваат влакното со полимери, па е облечено и додава волумен, наместо да тежи.”
Ова секако не значи дека не смеете да користите производи на база на масло, напротив, можете да ги комбинирате двете категории. Резултатот може да биде фина и чиста коса која сепак има текстура.
Како и да е, со пробување и грешење можете да најдете општа комбинација која може да ви се погоди баш за вашата коса.