Би се регистрирале ли на швалерски сајт со име и презиме?

Добро де, тоа „швалерски” е крајно безобразно, сепак финото име е „сајт за лични контакти”, само што - не за сите. Особено не за тие со псевдоним како unicorn_jizz. Или нашите од типот nadaren. OkCupid, кој досега дозволуваше криење зад такви имиња при потрагата по љубов, партнер или едноставно, џиз; веќе нема да дозволува такви загонетности. Од сега - по лична карта.

Незгодно? Па, само ако се важи насловот.

Тиндер, Бамбл и слични апликации за спојување луѓе бараат од корисниците да ги користат нивните вистински имиња, но OkCupid долго ги трпеше своите со нивните измислени мИРЦ псевдоними. На нивниот блог ја најавија промената:

„Разбираме дека за некои од вас, псевдонимот е одличен начин да се опишете какви сте.

нели, nadaren,

Но за повеќето, смислувањето на ваквите називи е проблем за памтење, или во случаи како unicorn__jizz, тешко за заборавање. И се надеваме дека би можеле наместо тоа да го користите вашиот профил за на луѓето да им покажете какви ви се интересите, наместо да измислувате финти.”

Понатаму објаснуваат дека псевдонимите ќе бидат отстранети пред Нова година. Промената ќе почне со тест-група пред да отиде кај сите корисници. Сепак, некои корисници се загрижени дека користењето на вистински имиња ќе ги направи лесна мета за малтретирање и нарушување на приватноста.

Е сега, се поставува прашањето дали ова ќе предизвика масовна преселба на други платформи, или едноставно пад во бројот на нови корисници.

Која е вашата шифра за личен контакт?

26 декември 2017 - 10:01