Сине, не купувај во Claire’s, ставаат азбест во шминките

Ретко кој добива такво чувство на „СÈ САКАМ”, како тинејџерка залепена за излог на Claire’s. Реално, и на 30 тешко се одлепува човек. Сè уште е сето тоа внатре бомбона, само што, малку имат азбест во бомбоната.

Компанијата во саботата објави дека ќе повлече некои производи и ќе се фрли на истражување, откако една мајка се загрижила околу состојките во шминката со светки на нејзината 6-годишна ќерка и го испратила производот на тестирање. Тестот покажал присуство на азбест, и тогаш жената купила производи од девет различни држави (ете колку била збесната) и сите покажале присуство на азбест.

Се разбира, наскоро Claire’s доаѓа со изјава дека „преземале мерки и ги повлекле спорните производи од продажба.”

А како да не се залепиш, види го какво е.

„Откако ќе имаме повеќе информации и резултати од истрагата, ќе преземеме соодветни активности. Ако имате производи што сакате да ги вратите, ќе ви ги вратиме парите.”

Досега се повлечени девет производи. Добро, останува да пазариме маски за ајфон со глитер и еднорози, шо ќе праиш.

29 декември 2017 - 12:11