Што би требало да нè спречува? Па, брзата мода се прави брзо, при процесот се штеди на квалитет за сметка на квантитет и нема баш некоја висока вредност.
Ние немаме H&M, што не значи дека не го мериме уздуж и попреку кога и да го начекаме по странство, не значи дека немам 10 бејзик црни маици од таму, не значи дека немам минимум два пара чизми, не значи дека не знае да покаже квалитет, исто како што не значи и дека нема да се распадне во машина за перење. Ама ако нас ни е евтино, можете да замислите која багатела е со западњачка плата?
Царевите од Saturday Night Live го забележале сето ова, и фино-лепо спремиле рап и спот сосе Џон Гудман, кој никако не успева да влезе во XXL-от на H&M, од проста причина што во нормалниот свет, тоа е машко XS (и за ова имам една прилично изреволтирана колумна).