Не е само да се омажиш:

11 мудри жени за бракот

Тоа е таа повеќеслојна институција на која Балканците и го гледаат само првиот евентуално вториот слој. Нели, омажи се/ожени се, па ќе видиме. Повторено е милион пати, од многу попаметни од нас, ама еве го пак: не е баш така. И еве ги паметните:

Мишел Обама

„Тоа што им го кажувам на младите парови е дека бракот е напорна работа. Дури и најдобрите бракови бараат да работиш на нив – дури и ако си во брак со сродната душа, што има многу малку недостатоци. Градењето живот со некој друг освен ти самиот и растење деца и справување со сите пречки и радости и болки што ги носи животот – тоа ја креира природната состојба на бракот, и тоа е  тоа што е предизвик. Ова им го кажувам на луѓето не за да ги обесхрабрам, туку да им кажам дека сигурно ќе стигнат до тие пречки. Не го гледајте тоа како ваш недостаток или на партнерот, или бракот. Не се откажувајте. Само сфатете дека одите по истиот пат по кој одат сите други. Влезете спремни за работа.”

Хелен Мирен

„Луѓето се спојуваат од други причини освен секс, и иако е важен на почетокот за многу парови, не е главна причина за оддржување на бракот. Мислам дека моќта на партнерството во бракот не е доволно ценета во нашето општество. Тоа е тоа што прави бракот да функционира, не сексот.”

Џилијан Флин

За Gone Girl: „Сакав да пишувам за бракот. Во моите први две книги, протагонистите беа сингл до степен да не бидат врзани со никој на светов. Сакав да го истражам спротивното – кога намерно ќе се подјармиш себеси за некого за цел живот и што се случува кога ќе тргне наопаку. Играм со идејата на додворувањето како измамништво – сакаш да ѝ се допаднеш на другата личност, па нема да ѝ ја покажеш другата твоја страна додека не биде предоцна.”

Елен Деџенерис

„Со Порша цело време си викаме ‘Колку имаме среќа.’ Понекогаш лежам во кревет пред да заспијам и си викам фала, на што и да е, на кој и да е таму. Дојдов до една точка каде што сум смирена. Навистина, знам дека не одам никаде. Таа не оди никаде. Не викам дека ѝ требаше време на врската, туку дека во мојот живот - ми требаше време да го најдам ова.”

Бети Вајт:

„Изгубив година што со Ален можевме да ја поминеме заедно, велејќи: 'Не, нема да се омажам за него. Не, нема. Нема да си одам од Калифорнија. Не, нема да се преселам во Њујорк.' Потрошив цела година што можевме да ја поминеме заедно.”

Ајрис Апфел

Со Карл имаме смисла за хумор. Повеќето луѓе раскинуваат за најглупи причини. Ако имаш смисла за хумор, единствените недоразбирања се околу глупости од типот 'Бевме на бувљак и јас сакав да купам нешто, тој рече не.' Се возбудувате, па ќе се погледнете и ќе се насмеете затоа што е без врска.”

Глорија Стајнем

На прашањето дали решила дека бракот не е за нејзе: „Апсолутно не. Мислев дека морам да се омажам. Сите така мислеа. Ако не мислиш, будала си. Но јас го одложував тоа. „Ќе го направам, само не сега.” Додека не стигнав до доцни 30-ти и се случи женското движење и сфатив: Среќна сум. Не мораме сите исто да живееме.”

Дајен фон Фурстенберг

„Мислам дека бракот никогаш не ми беше важен и затоа сум толку изненадена што два пати се мажев. А сепак, и двата пати се омажив од љубов, за љубов. Не верувам во правила. Мислам дека срцето треба да зборува. Прво нешто околу љубовта е дека прво мораш да се љубиш себеси. Ниедна врска нема да ти функционира ако не е така. Мораш и да бидеш строг кон себе, но мораш и да си се допаѓаш. Не смееш да бидеш захтевен. Без разлика колку многу те сакаат луѓето. Тоа ич не е привлечно. Затоа е игра. Затоа е толку важно да се биде независен и да се има идентитет надвор од твоето семејство. Затоа што инаку, ќе ти изгледа дека немаш идентитет. А тоа е ужас.”

Шерил Сендберг

„Излегувај со кого сакаш, но мажи се за бубалиците и добрите дечки… Тие што сакаат еднаквост во врската. Тие што ќе ти ја поддржат кариерата… Прашувајте рано и без да се плашите дека некој ќе се навреди. Ако некој се навреди, секако не ви треба.”

Тина Феј:

„Прво што ми паѓа на памет е свекрва ми, пред да се омажам, ми рече: 'Единствен совет за брак ми е да не се замарате многу-многу.' И вистина е. Понекогаш ако не се лутиш многу, немој со сила да се тераш да се налутиш, само затоа што мислиш дека треба да се лутиш. Што ви е гајле?”

И најумното:

Блејк Лајвли:

Кога сум имала други врски, ако нешто тргнело наопаку, сум се јавувала кај другарките или кај сестра ми и сум викала, „Вака и вака ми направи – што да правам?” Со него (Рајан Рејнолдс) се дружевме две години пред да бидеме заедно. И го третирам како другарка. Му викам „Еј, се случи ова. Ме вознемирува. Вака се чувствувам. Што да правам?” И тој го прави истото со мене. Ме третира како другарче.”

Има и други тука.

27 декември 2017 - 15:43