Како да станеш во 5, дури и кога не ти се станува

Прво, дали воопшто постои човек што сака да станува во 5? Дискутабилно е. Од една страна е језиво тешко, па не можеш баш да сакаш да стануваш во 5. Од друга страна, можеш да сакаш да го имаш тоа време за себе во тишина кога магично се завршуваат еден тон обврски.

Што е тоа „gen z yellow” и зошто е тема на муабет?

„Gen Z” е генерација З (или пост-миленијалци). Yellow нема преносно значење. Заедно во комбинација се нешто што во моментов ни ги преплавува екраните и фидот.

Жената што ја измисли „Naked” палетата

Венди Зомнир е основачката на Urban Decay Cosmetics, и главниот креативец зад Naked, сенките што светот не ги вади од уста и од несесер за шминки. Има 10 милиони на Инстаграм, култни производи, приватно е сопруга и мајка на две деца и, како што кажува самата - опседната со шминка, ама тоа некако јасно ни беше.

Би правеле ли пластична операција за да напредувате во кариерата?

Прво што ни паѓа на памет е дека некој сака да биде поубав, за да стигне до повисока позиција. Или тоа, или дека работи на место што бара да покаже како изгледа. Првото ич не е, делумно е второто, а најмногу е: Не е толку дека операцијата ќе помогне во кариерата, туку самодовербата после операцијата ќе помогне во сè, па и во кариерата.

Пума вади патики инспирирани од M.A.C

За најновата колекција на патики, Пума си најде една несекојдневна инспирација - M.A.C кармини. What a time to be alive, а?

Ќе добијат ли жените некогаш џебови?

Проблемов е историски веќе. А сепак, дојде 2018-та и жените уште мораат да молат за џебови што собираат повеќе од спајалица, или уште побизарно - бараат вистински џебови, затоа што тие на нив се лажни.

Марк Закерберг доживеа ден во животот на една жена

Долгите часови сведочење на Марк Закерберг пред американскиот Сенат го научија светот многу за Фејсбук (и чичковците ги научија како работи интернетот), но дали тоа беше главниот интерес на јавноста? Не. Се задржаа на детали од една многу побенигна природа.

Мажи со шминка не се ништо ново

Долго пред Џефри Стар (одново) да ги извитка нормите на како треба да изгледа еден маж, постоеше светската рок сцена и нашминканите мажи што никој не ги закачаше затоа што околу нив се собираа жени, бракови и деца.

Кога се работи за нега на лице, си има ред

Секојдневната рутина за нега на лице секако треба да варира според потребите и типот на кожа, ама, според Алисон Мекнамара, останува едно општо правило: редоследот на нанесување на производите.

Галчестер - списание за жените со кои Манчестер треба да се гордее

Манчестер, големиот, мажествен дом на Иан Браун и браќата Галагер, како симбол на тој мачоизам и очекувања дека ти следува разбирање затоа што си маж, има(ше до сега) проблем вистински да ја испочитува сопствената богата женска историја.

Оригиналноста како уметност

Прво правило за оригинален стил е дека нема правила.

Што значи „фика”?

На шведски: време одвоено за кафе и муабет. Кој би рекол дека имаме нешто (барем приближно) заедничко со Швеѓаните?

Да не ви фалеа патикиве?

Ако да, тогаш честито. Се враќаат. Ние не ги викавме никако, ама си имале име: Бафало патики.

Другарството по мозокот се познава

Сега е научно докажано дека тоа што со другарот се кикотите на иста, за остатокот од светот несмешна работа е затоа што мозоците ви функционираат исто.

Романтики со инфлуенсер

Да не знаеш дали да се радуваш што не вриеме од инфлуенсери затоа што се општо досадни, или да ти е криво што сме толку назад па ни едни инфлуенсери немаме.

Зошто сите сакаат да мирисаат на земја?

За Fragrance Foundation награда за 2018-та, во категорија Best Indie се номинирани 39 парфеми, од кои повеќето, од некоја причина, мирисаат на земја.

Толку од куклите во излог, Зара донесе аугментирана реалност

Може нема да исчезнат засекогаш, ама технологијата решила и нив да ги закачи. Минатата недела Зара ги отстрани куклите од излози од 120 продавници ширум светот и ги замени со едно посебно искуство што вклучува аугментирана реалност.

Како да престанеш да се споредуваш со другите?

Многу е лесно човек да почне да се прашува дали живее квалитетно на секое поле, кога телефонот и компјутерот му се преплавени со слики и мисли на луѓе кои живеат (или глумат дека живеат) подобро од него. Да се запрашаш како може тебе да ти стане подобро е супер. Да паднеш во депресија кога ќе се споредиш со тоа е мачно.

Шармантните роботи на Симон Јеч

Не шармантни како, робот-батлер со инсталиран фин глас со британски акцент. Шармантни како - сакаат они да си ја вршат нивната едноставна работа, ама често премногу се возбудуваат и ништо не им оди како што треба.

Не можете да облечете сè што ќе видите на интернет

Сè што ќе видите на интернет често значи и фустани од латекс и хулахопки без ништо над нив.

Што ако ставите „забрана за глупи муабети” на вашата следна забава?

Разговорите на тривијални теми, од тип на нашите „шо праиш - еве” и „како на работа?” почнуваат отворено да нервираат луѓе до степен да почнат да ги забрануваат на забави по дома.

Барбара Еренрајх и светот без глутен и цигари

Наспроти лудилото околу здравата исхрана, разулавените трчања по теретани, броењето калории, опсесијата со глутен и масовната медиумска покриеност на идејата „позитивно размислување”, стои Барбара Еренрајх, тврдејќи дека забраната за пушење е директен напад на работничката класа, а луѓето одбиваат да се соочат дека имаат рок на траење.

Kако е да заработуваш милион долари годишно?

Додека пиете кафе и замислувате „колку фино би ви дошло милионче сега”, ви текнало ли некогаш дека сосема обични луѓе заработуваат по толку и не мора да значи дека ги гледаме на телевизија? Публицист, банкар и претприемач, раскажуваат за нивното доживување на милионот.

Сезона на панди и црнила околу очи

Сега откако дознавме дека дојде времето на катраносани очи (читај: дебели линии со молив околу очи и тон маскара), ред е да научиме како се прави тоа.