Толку од куклите во излог, Зара донесе аугментирана реалност

Може нема да исчезнат засекогаш, ама технологијата решила и нив да ги закачи. Минатата недела Зара ги отстрани куклите од излози од 120 продавници ширум светот и ги замени со едно посебно искуство што вклучува аугментирана реалност.

Целта е да се вклучат купувачите во Зара во игра, што почнува прво со симнување на Zara AR апликацијата за телефон, преку која потоа ќе го свртите телефонот кон излогот.

Во тој момент оживуваат манекенките Леа Џулијан и Фран Самерс во времетраење од 7-12 секунди - зборуваат, мрдаат и позираат во новата Studio Collection на Зара. Вака и облеката оживува и мора да признаеме дека сосема се менува шопинг искуството.

Преку апликацијата можете и веднаш да нарачате, ако решите дека не ви се влегува во продавницата. А ако ви се влегува, и внатре може да начекате по некоја манекенка што мрда, само ако го насочите телефонот каде што е означено.

Од Зара објаснуваат:

„Апликацијата има алатка за споделување на искуството на социјалните мрежи, и ги охрабрува корисниците да сликаат и да објавуваат слики од холограмите, воспоставувајќи на тој начин виртуелна конекција која изгледа исклучително реално.”

Бил ли некој во Зара да каже дали стигна ова до кај нас, или ние пак ќе касниме?

18 април 2018 - 14:52