Фризурата на Закерберг, на пример. Неговиот вкус за костуми. Неговата висина. Една статија во Федералист ја нарече неговата фризура „вознемирувачка”, налагајќи дека можеби му ја правеле со косилка за трева.
Твитер во својот полн сјај, убаво се посвети на темата:
I can’t decide whether I hugely admire or am intensely irritated by the fact that Mark #Zuckerberg is a multi-billionaire yet appears to cut his own hair and doesn’t own even one half decent suit, shirt or tie. pic.twitter.com/hdV6fDAliO
— Julia Hartley-Brewer (@JuliaHB1) April 10, 2018
Lol Zuck's hair needs some product or something. It looks like it's one of those lego hair pieces you snap on the lego heads. #Zuckerberg
— Alyssa Cowan (@alyssapants) April 11, 2018
when u drink 2 glasses of red wine while watching Amelie and decide to cut your own bangs pic.twitter.com/EPYHtZn3QI
— Dana Schwartz (@DanaSchwartzzz) April 10, 2018
И ова се доста интересни реакции, со оглед на тоа што, за прв пат, или барем како ретко кога, еден маж е подложен на истите детални критики како една успешна жена.
Минатата недела на пример, Лиса Рина ја влечкаа по твитови дека објавила селфи без шминка, една друга ја гњавеа дека имала влакна под мишка, Ким Кардашијан објави слики од одмор каде што изгледа добро, само затоа што минатата година исто така јавноста се најде повикана да ја критикува дека е дебела. И вакви примери колку сакаш.
Особено го јадат жените во политика, со бескрајни коментари за косата на Хилари Клинтон, изгледот на сенаторката Елизабет Ворен, шминката и облеката на Келиен Конвеј и луксузната гардероба на Мишел Обама и Меланија Трамп. Едно истражување неодамна направено во 36 земји открива дека „повеќе од 80 проценти од жените во политиката биле изложени на психолошко насилство преку ‘мизогинистички коментари, понижувачки фотографии, мобинг, заплашување и закани.’”
Друго истражување пак, открива дека „Тереза Меј три пати почесто добива коментари за изгледот отколку Џереми Корбин.”
Закерберг веројатно знаел, или некој го посоветувал, точно кога е потребно да излезе од кежуал и да дојде облечен „за на работа”. И тоа што дојде дотеран, во одело, испраќаше одредена порака до тие што го испрашуваа.
„Сака да каже, јас сум кај вас, ви ги прифаќам правилата,” забележува писателката за Њујорк Тајмс, Ванеса Фридман. „Сака да каже, во ред, можеби ние во Силиконската долина не сме најпаметни. Ја сфаќам одговорноста што ја носам и го сфаќам ова сериозно. Придонесе кон заклучокот дека се работи за момент на созревање заради иконографијата на облекувањето - оделото е костим за возрасни, а маичката е костим за тинејџер, некој без одговорност, што крши правила.”
Со фризурата, повеќе среќа следниот пат.