Како да станеш во 5, дури и кога не ти се станува

Прво, дали воопшто постои човек што сака да станува во 5? Дискутабилно е. Од една страна е језиво тешко, па не можеш баш да сакаш да стануваш во 5. Од друга страна, можеш да сакаш да го имаш тоа време за себе во тишина кога магично се завршуваат еден тон обврски.

Колку пати сте си ветиле дека утре нема да го измавате копчето „снуз” со чекан кога ќе запишти во 5, 6, 7 саат, па сте се разбудиле некои 2-3 саати покасно од „ветеното”? Ич не остваруваме кога се работи за одговорност со време понекогаш. Дури и кога ќе се научиме да бидеме одговорни со туѓото време (некои никогаш не научуваат), често го баталуваме нашето.

Зошто да се стане во 5

За да се постигне тоа што го зрачи сликава, на пример.

Сте се нашле ли некогаш само вие будни во ниедно време? Ако да, тогаш сигурно ќе ви текне колку е тогаш мирно и фино, не само околу вас од проста причина што сите спијат, туку и интернетот седи мирен, освен по некој филозоф, некој фриленсер или некоја будала - ама сите тие се ненаметливи, и многу поинакви од дневните пазачи на сè што се движи. Времето од 5 до 7 е вашата лична глува соба, време кога може да се чита, да се пие кафе во тотална тишина, да се заврши секое себетимарење, вклучувајќи го и тоа за сите сетила. А денот не ни почнал.

Ако е веќе sold, тогаш, Ејми ТВ од Јутјуб има начин како да го постигнете тоа. 

И со среќа. Да видиме што сè можете да произведеме кога сме раат, така рано, пред да изгрее сонце.

На истава тема, мотивирачки: Сте размислиле ли некогаш да станете „morning person”?

26 април 2018 - 11:15