Со наслови на книги како „Природна смрт: Епидемија на велнес, извесност за умирање и убивање себеси за да живееме подолго” и „Како позитивното размислување ја поткопува Америка”, Еренрајх има поинакво сфаќање за светот денес - смета дека општеството одбива да сфати дека се старее и се умира, а за разлика од многу жени на нејзина возраст - мисли дека има една голема дупка во идеологијата на Опра. Ајсак Чотинер ѝ поставува неколку прашања.
Ова е клише прашање, но мислам дека ќе нè одведе во добар правец: Зошто решивте да ја напишете оваа книга сега?
Згрешив затоа што не е за Трамп.
Немаше тоа да го кажам.
Две работи ме мотивираат да напишам цела книга, наместо есеј. Едната е обично гнев, бес за нешто што мене ми изгледа како неправда или илузија. Другото што ме мотивира е љубопитност. Кога ќе влезам во некоја тема, навистина сакам да продолжам да ја следам. Оваа книга почнува со неколку проблеми во нашето здравство и што ни прави тоа, па продолжува… на едно подлабоко ниво на гледање себеси и нашата можност да живееме засекогаш или барем уште 20 години подолго од тоа што можеме да живееме.
Што Ве нервира во американското здравство?
Тоа што го открив кога наполнив околу 50 години е дека повеќето мои интеракции со медицинскиот систем беа докторите и клиниките да бараат нонстоп да правам некакви тестови. Си реков, „добро, ова е таа превентивна нега заслужна за американската долговечност,” иако нашата долговечност не се ни споредува веќе со другите напредни земји. Како и да е, продолжив со тоа, па станував сè поскептична за тоа што тие тестови постигнуваат и дали воопшто додаваат на нашата долговечност.
И така јас правам тест врз трст, од мамограми до колоноскопии, густина на коски, и резултатите не се совршени. Ќе ти кажам точно како сфатив сè. Многу беше едноставно. На пример, со скенирање за густина на коски ако го изгуглаш со зборот „контроверзно” или фразата „базирано на докази” ќе ги најдеш сите проблеми што се вртат околу ова. Ова го правев за сè што ќе ми се најдеше на пат и одлучив, рационално - дека немам време за тоа.
Ако ги земеш мамограмите за пример, веднаш има дебата: ако најдат нешто, веднаш прават биопсија. Може да следи операција и драстични процедури како хемотерапија. Кога имаш 70 или 80 години, можеби треба да пресметаш дали сакаш времето што ти останува да го поминеш на тоа. Мојот одговор е не. Затоа што имам попаметна работа. Кај мене е избор: да седам во чекална без прозорци на некоја лекарска ординација, или да ги стигнам роковите за пишување, или да се прошетам. Секогаш го бирам последното, или барем роковите.
Никогаш не сте ја сакале литература за самопомош и идејата дека можеме да се подобриме себеси. Како да ја поврзувате со еден американски сон што не ви се допаѓа. Добро ли се изразив?
Не сум размислувала за тоа така. Би рекла дека овие појави се поврзани со нарцисоидност. Фокусирај се на себеси. Можеш да се грижиш за себе. Пробај да ги следиш правилата, моменталните правила за да бидеш здрав. А тоа нема никаква врска со светот или другите луѓе.
Во книгата, напишавте: „Како побогатите луѓе почнаа да се откажуваат, војната против пушењето стана војна против работничката класа.” Можете ли да објасните?
Џун Тандерсторм е псевдоним на жена од средната класа, таа напиша одличен есеј што ќе влезе во книга со најдобри есеи на годината, токму на оваа тема. Еве еден сликовит пример: Не може веќе да се пуши во затворени простории. Значи отидоа сите барови за средната класа. Каде се сега? Не е исто да се собираш без пушење. Работниците на работа сакаа паузи за пушење. Зошто? Затоа што во остатокот од денот редат полици, трчаат наоколу, сервираат оброци. Пушењето им е начин да си обрнат внимание. Вие може да кажете „тоа нема смисла, лоша навика е,” но се прави кога немаш што друго да правиш. Те смирува многу брзо. Многу е трагично кога гледам вработени до некоја деловна зграда, како пушат на дожд или на ветер затоа што само таму смеат да пушат.
А нели одговорот тука би бил дека треба да се создаде општество каде што средната класа или луѓето што работат тешки работи треба да најдат еден вид разбирање и друштво на работа преку нешто што не убива многу луѓе секоја година?
Се разбира, сосема се согласувам. Ова е очајна мерка во очи на преголем стрес. Види само колку луѓе работат на повик. Немаш ни вообичаена смена. Само чекаш да добиеш повик од работодавецот за да се појавиш, па не знаеш ни колку ќе заработиш од ден во ден. Ова е стресно, би рекла, како да си животно во лабораторија што повремено го шокираат со струја. Такви работни услови се создадени и за богати и за сиромашни Американци.
Во Њујорк Тајмс ја напишавте првата критика што ја паметам воопшто за Опра. Може ли да ја објасните вашата критика за Опра и она што таа го претставува?
Многу повеќе би сакала да е Опра претседател, наместо моменталниот претседател, а и од другите понудени. Тоа што таа го претставува е еден пристап кон животот со самопомош и самоподобрување. За тоа еднаш се расправав со неа на телевизија. Многу лошо за мојата кариера како автор, но таа упорно ги тера кутрите жени да се променат себеси и нивниот став за да го добијат тоа што сакаат. Јас реков дека не е толку лесно. Ако живееш во приколка со маж и три деца и немаш пристап до свежи производи, тоа е ситуација што не можеш да ја надминеш само со менување на ставот.