Романтики со инфлуенсер

Да не знаеш дали да се радуваш што не вриеме од инфлуенсери затоа што се општо досадни, или да ти е криво што сме толку назад па ни едни инфлуенсери немаме.

Атер за сите што сакаат да се преправаат дека имаме инфлуенсери за да можат да преведуваат цитати од интернет за нив, па и за тие што се сметаат себеси за инфлуенсери, да се посмееме со соработката на Тања Хенеси и Collective Noun Comedy.

Патем, на тема инфлуенсери веќе сме пишувале: на пример, кога Медиакикс со 300 долари направија влијателен Инстаграм профил способен да прави пари во „Како се станува Инстаграм инфлуенсер преку ноќ?” Една инфлуенсерка опасно го изеде од менаџер на хотел. Објаснувавме и како заработува инфлуенсер, ама овој пат, имаме боље.

Инфлуенсер на дејт:

Исто така, Тања Хенеси е цар.

18 април 2018 - 17:47