Како се станува Инстаграм инфлуенсер преку ноќ?

Ви требаат докај 300 долари, а другото: еве како!

Шала на страна, ова што го истражиле од Медиакикс им ја мати водата на луѓето кои легитимно заработуваат поради фактот што нивниот карактер, изглед , финти или патувања на природен начин им донелe илјадници (па и стотици илјадници и милиони) следачи на Инстаграм. Ваквите ги викаат инфлуенсери, или влијателни, ако сакате на нашки.

Во ова време, кога се претураат интересни ликови на социјалните мрежи, луѓето што заработуваат од лајкови од петни жили се трудат да останат релевантни, а бројноста на нивната публика да ја оддржат (и зголемат) за да не им пропадне соработката со брендови.

Ама, веќе не е интересно, затоа што сега можат да се купат и следачи, и лајкови и коментари.

За да покажат колку е едноставно, луѓето од Медиакикс прават експеримент. Креираат два профили, еден на таква фина, модерна девојка со јаки слики, мода и слично, а друг на фотографка што шета по свет. За едниот профил најмуваат модел, ја сликаат и ги објавуваат сите слики, а другиот го полнат со бесплатни фотографии од интернет.

Следно: да се стекнат следачи, лајкови и коментари. За сите овие ставки, цените се движат од 3 до 10 долари за 1000 лајкови/следачи, со тоа што пониската цена ти носи што ти треба во рок од 24 саати (понекогаш и ништо не носи, зависи од каде купуваш), а повисоката - одма. Плаќаат што плаќаат и доаѓаат до некои 10.000 следачи. Оваа бројка им треба за воопшто да можат да се регистрираат на некои платформи кои спојуваат брендови со инфлуенсери.

Уште малку влог и работа покасно, на секој профил имаат по 50.000. Со ваква бројка, можеле веќе да конкурираат за кампањи – кликаат копче за да се пријават, или пишуваат кратка порака на некоја од тие мрежи за спојување.

Резултат: Успеваат да склучат четири договори, по два за секој лажен профил. Инстаграмот за мода се договара со фирма за купачи и фирма за храна и пијалоци.

Инстаграмот за патување добива зделка со бренд за алкохол и истата компанија за храна и пијалоци. За секоја кампања, на „влијателните“ им било понудено паричен надомест, бесплатен производ или и двете.

Значи, за вложени 300 долари и малку труд, ти се отвараат многу врати, само дали ако си глуп можеш тоа да го оддржуваш?

Следниот пат кога ќе видите некој сумњив акаунт никако посебно импресивен, а има илјадници што го следат, или па сликите премногу ви личат на stock photos – изгледа е ова.

16 август 2017 - 10:00