Естетиката е шишки свиткани нанапред, како нежен и романтичен стил што ги врамува очите и челото, а инспириран од изгледот на Елизабет Бенет во филмот. Слични варијации носат и другите сестри, Лидија и Кити, а ваков стил се гледа и кај Мариен и Елинор Дашвуд во „Разум и чувства“. Инспирацијата е од неокласицизам и античка Грција, до англиската regency ера.
Иако на прв поглед изгледа како тренд совршено скроен за онаа book girl култура, не сите фанови на Остин се воодушевени. Дел од заедницата гледа на терминот „Џејн Остин шишки“ со скепса - особено поради историската неточност и стилистичката импровизација во филмските адаптации.
Една авторка и модна историчарка од Јутјуб - Аби Кокс, го нарече стајлингот во филмот „депонија“. Не станува збор за омраза кон стилот сам по себе. Дел од публиката го сака романтичниот пристап кон фризурата, но проблемот е во претставувањето - дали секоја шишка свиткана со фигаро треба да добие име и култен статус?
@chateaubarefoot Reply to @hellen_kellers_diva_cup_ hope this was easy to follow 💕 #lizzybennet #keiraknightley #janeaustentiktok #bangstutorial #HotwireHotelGoals ♬ son original - november ultra
Ако го тргнеме носталгичното име, ова не е ништо ново. Слични варијации веќе постојат – од „mall bangs“ од 90-тите, до актуелните француски, корејски или микро шишки. Сè се сведува на тоа како ги стилизираш и дали ќе одиш на cottagecore или mall-rat. Во суштина, трендот е уште една обнова на нешто што веќе сме го виделе - и тоа не е проблем. Проблемот е кога необработена, несредена коса се промовира како „inspo“, и кога секоја фризура мора да добие нова ознака.
Џејн Остин шишките се уште еден пример како интернетот ги ревитализира старите идеи, понекогаш со нова имагинација, а понекогаш - едноставно со нов хаштаг.