
Стилот е тоа што отскокнува кај ликови како Леандра Медин, Каролин де Мегре, Стив Џобс и Елон Маск, без разлика што на прв поглед не прават ништо посебно. Но, според Esquire, заедничко им е токму кршењето правила. Една нивна статија зборува за оригиналноста кај мажите во нивниот избор при облекување, но не значи дека и двата пола не можат да научат. И баш како што големите уметници мораат да ги знаат правилата за да ги прекршат, ниеден човек не може да стане единствен без помош - се слуша, се учи и без разлика дали ќе го наречете тоа совет, мантра или правило, едно е сигурно - има одредени работи според кои што треба да се раководиме за да се издвоиме од униформата.
Од униформа, се признава само таа што сам ќе си ја измислиш.
Односно, не прифаќајте униформа од излог - ако сите носат скинати фармерки, не значи дека мора и вие - мора само ако ви се свиѓаат. Дозволена униформа е тоа што го правеше Стив Џобс, односно - ако ви е пријатно во истото, тогаш купете неколку исти ствари и терајте така. Оригиналност.
„За тоа зборуваме тука,” вели Мајкл Хејни. „Вредности. Лекции. Знаење што може да се кодифицира и, ако толку сакате, да се раководи според него како според заповеди за подобро живеење. Правила кои потсетуваат дека можете да бидете свои и да ги инспирирате другите да бидат најдобри што можат.”

Сепак, за почеток, неколку правила:
Трендовите се непријател на индивидуалноста.
И џигерици беа тренд. И потпунки. И ладна. И ултра тенки веѓи. Веројатно имате слики и веројатно ви е малку незгодно. Наравоучение: Избегнувајте слепо следење трендови. Индивидуалниот стил е неспоредливо појак од еден обичен тренд.
Никогаш не купувајте една цела комбинација одеднаш. И никогаш не купувајте се од една продавница.
Исто како да сте симнале се од кукла во излог.
Секогаш носете едно парче што е постаро од вас - ви дава перспектива.
Индивидуалноста нема врска со етикетите, туку со начинот на кои ги комбинирате работите.
Односно, што ако пишува Армани на сакото, кога на нозе имате ужасни чорапи што немаат врска со целата комбинација.
И последно, во вид на цитат:
„Чевлите се клуч за да се разбере една личност.” . Масимо Пиомбо, креатор
Што значи, по стотти пат, внимателно со нив. Не е битно колку чинат, битно е дали изгледаат добро.
И за крај, колаж од оригиналност. Нека не ви биде страв:
