Хуморот како иновација:

Шармантните роботи на Симон Јеч

Не шармантни како, робот-батлер со инсталиран фин глас со британски акцент. Шармантни како - сакаат они да си ја вршат нивната едноставна работа, ама често премногу се возбудуваат и ништо не им оди како што треба.

Симон Јеч е шведска иноваторка, ентузијаст за роботика и самопрогласена „кралица на глупите роботи”. И прекрасно освежување е, со оглед на тоа што ретко ни се обраќаат жени во науката, особено со толку остра смисла за хумор како оваа жена, што ги измисли роботот за будење и роботот за нанесување кармин.

Веројатно ќе си помислите дека „робот за будење” и „робот за кармин” е само прашање на време кога ќе стане проблем. 

И ќе бидете во право. Со тоа што, не чекаат роботите на Симон да помине време пред да направат хаос. Од самиот старт се толку шармантно глупи и ревносни во својата намена, што просто ти доаѓа да ги погалиш.

Ајде да одбереме омилен робот. Сите како да имаат една заедничка нишка на tough love.

Робот за кармин:

Робот за будење:

(крајно ефикасно, нема ни снуз копче)

Робот за доручек:

(овде е особено дражесно дека на крај се обидува и да те нахрани, ама само еднаш)

Робот што ти мие коса:

И робот што ќе прави сендвичи за кој и да е шегаџија кај тебе дома, додека ти се бавиш со иновации:

17 април 2018 - 12:01