Минатиот вторник, компанијата објави дека во чест на 50-годишнината на класичната кожна патика, се споиле со еден од највлијателните брендови за шминка на денешницата за заедно да направат три нови бои за патиката, секоја инспирирана од најпродаваните нијанси.
Значи, имаме патика Crème d’Nude, која ќе биде некоја фина праска боја (пастелни бои се во ред само на кармин), со корални врвки и роуз голд #PUMAxMAC налепница. Lady Danger е светло-црвена, со исти такви врви и текстуриран ѓон. The Sin во патика-варијанта ќе биде „смела бордо боја”, со контрасти што ќе се постигнат со сатенскиот ефект на деталите.
Ова ќе биде специјално издание на патиките и ќе дојдат, само во Америка, за жал, на 17-ти мај, така што, ако ве носи патот натаму или некој ваш го носи наваму, или живеете таму - now you know.
Патем, Crème d’Nude се најбоље.