
И не само на земја, има дрвенести мириси, тревести, мовкасти, борови, земјени и секакви некои други што ќе ве потсетат на колиба во шума. Земјените мириси знаат да предизвикаат фантазија за бегство од „урбаната џунгла”, да се изразиме така мрзливо. Дозволуваат да сонуваш дека си избегал некаде во викендица, дури и додека се возиш во автобус или си веќе стигнат на работа. Затоа ли Пино Силвестре беше толку популарен?
„Земјено е од оние сеопфатни термини, како зачинето, и обично нема директна асоцијација со одредена нота,” објаснува Џош Мејер, основач и креатор на мирисите Imaginary Authors во Портланд. „Но кога дискутираме за кедар, за бор, пачули или било што листесто, почнува да станува јасно што сакаат луѓето да кажат кога ќе кажат земјено.”
Не е прв пат земјените мириси да се во центарот на вниманието. Во рани ’90-ти, мирисите потсетуваа на плажа и воздух. Кога гранџот достигна врв, заедно со карираните кошули, тогаш станаа ароматични и земјени. А секако модата во поглед на облека оваа година се сврте кон ’90-ти, па што да не се прошири тоа и на парфеми?
„Опкружени сме со телефони, компјутери и апликации по цел ден и многумина од нас се борат да најдат некаква поврзаност со природата,” објаснува Клара Молој од Memo Paris. „Можеби ваквите мириси даваат едно чувство на поврзаност со земјата.”
Патем, кои се првите резултати кога ќе побараш „pino silvestre” на Гугл?

Нам ни е сè уште потребен.