
Наводно, постои точен начин да се искористат формулите за разубавување и точен редослед за да се извади максимумот од нив. Мекнамара, инаку блогерка и инфлуенсерка и секакви други дигитални симпатични професии, објаснува чекор по чекор како да се биде поубав, дури и кога ќе ти текне дека имаш 32 години и дека можно е капаците малку да ти се спуштаат и дека шминката ти се пресликува. И го научуваш зборот „назолабијални”, затоа што секогаш оди во комбинација со зборот „брчки”. После ти текнува дека изводиш, дека допрва има 42, па 52, и така натаму, и дека, ако се раководиш според паметните жени околу тебе - сè е тоа супер.
Но добро, што вика Алисон: