Кои се тие чудните брендови што ги гледаме на Инстаграм?

Постојат луѓе толку незатруени од превари и балканштини (од проста причина што не се на Балкан) што успеваат да се излажат и на тие реклами од чудни брендови на Инстаграм, мислејќи дека се работи за скромен шнајдер од Бруклин. Само што, не сме ние толку отракани за бизниси на Инстаграм, па обично, ваквиве „неокаљани” ги снаоѓа – кинезштина. Балканштината им ја правиме на домашен терен.

Тиндер за муабетчии

Sweet Pea е апликација за онлајн запознавање, која од другите 300 како неа се разликува по тоа што инсистира малку повеќе да направите муабет со човекот од другата страна, наместо тоа тупото „Шо има?”

Џејмс Франко во ист кош со Вајнстин

На доделувањето на Златните глобуси, жените носеа црно, а мажите носеа беџови со Time’s Up. Меѓу тие мажи и Џејмс Франко. Ова на Твитер беше прокнижено како провокација и правење на будала, затоа што пет жени веќе го имаат обвинето за сексуално малтретирање.

MasterClass не е превара, ама не значи дека се исплати

Веројатно до сега на Фејсбук и Инстаграм ви се појавил спонзориран пост за MasterClass – професионалци држат предавање за својата област, ама не такви што мора да ги гуглаш, туку Стив Мартин предава комедија, Ени Либовиц фотографија, Рон Хауард режија и слично. И без разлика што звучи too good to be true, сепак не е измама, напротив. Ако платиш 90 долари, добиваш неколку саати монолог од омилената славна личност, а дали ќе ти биде доволно тоа... Ќе видиме.

Дрескод-иронија на најјако

Ништо не кажува дека си народна жена како блуза од 380 долари, на која пишува „Сиромаштијата е сексистичка”.

Мажите треба да можат слободно да им се пуштаат на жените

Вака вика Кетрин Денев и е една од 100-те Французинки кои потпишаа едно отворено писмо против новиот пуританизам кој се наметна после бројните скандали со сексуално малтретирање. Затоа што, замислете свет каде што некој прво треба да ви извади договор пред да ве залапа?

Фризурите што ви требаат за 2018-та

Добрата вест е што шарените прамени остануваат во 2017-та, и има одличен избор за секоја должина. Лошата вест е што се движиме, меѓу другото и кон џигер-територија.

Тешко е да се има долга коса

Тоа чувството кога веќе станува алармантно колку многу мора да ја миеш, а ти си викаш „...Ај уште денес.” А оно почнува веќе да капе како уље од кола, простете на језивата споредба.

Ако Барби и Кен беа наши

Замислете ги тие компјутеризирани цртани со Барби што им ги пуштате на ќерките, само нема ништо розево, и насловот не е „Барби и волшебното кралство” туку „Самоуништување”.

Опра има пет правила за подобар живот

„Тешко е да бидеш тажен кога се фокусираш на тоа што го имаш, наместо на тоа што го немаш,” изјави еднаш Опра за Вог. Можеме да дискутираме за ова, можеме и да се правиме на тошо, може е тешко применливо на оваа страна на светот, ама сепак, кога Опра збори, едно е сигурно: канти не тропаат.

Златните глобуси, црните фустани и црвениот тепих

Од прилика вака би се сумирал настанот – доделување на Златни глобуси, одамна најавуван како еден од поважните што се случиле и ќе се случат – највеќе затоа што неколку месеци пред него, светот дозна дека Харви Вајнстин е манијак, па отвори досега невидена (и холивудска) Пандорина кутија. Што имаше на црвениот тепих овој пат?

Пинтерест кажува што ќе носиме во 2018-та

Веќе треба да ни биде јасно дека социјалните мрежи се многу повеќе од само место каде што ние можеме да мудруваме за политика (не ние конкретно де, нашите статуси за политика се најубави и најиздржани), него се сериозни мерачи на трендови според кои цели компании можат да го направат својот годишен план. Ова особено важи за модните брендови, затоа што, баш Пинтерест веќе има извештај околу трендовите што допрва следуваат.

А најфино би било да не го тупиш

Overthinking, или оптеретување со глупости е една прилично мрачна и штетна работа ако не ја ставиш под контрола.

Ај да си одбереме зимски изглед за по улица

Нели е супер, кога ќе се загледаш во winter street style по интернет, па ќе добиеш еден тон инспирација и ќе речеш „од сега вака се облекувам, точка”, па така еден ден и после пак по старо како скитник? Ај, може овој пат ќе ни успее.

Решенија за расцветана коса од фризерот на Алиша Викандер

Од изданието „Да не си раат” отсек – здравје и убавина, треба да направиме муабет за – расцветани врвови. Освен ако не ме послушавте пред месеци, да почнете сами да се шишате како оваа на видеово (една од подобрите одлуки во животот), веројатно и во моментов сте жртва на оваа досадна работа. Што со тоа?

Кога SNL го утепа H&M

Како старееш се трудиш да се прешалташ на посериозна гардероба, да не се избезумиш кога ќе видиш ознака „до 5 евра” над закачалка полна со парталчиња и да не се движиш баш секогаш како пијан молец до светкавите излози на дуќаните за брза мода.

Каква е таа Whole30 диета што се шета по Инстаграм?

Не знам дали се раширило кај нас, ама Американците се жалат дека Инстаграмот им е преплавен со постови за „детокс патувања” и „прочистување од отровната 2017-та” и „успешни Whole30 приказни”. Што е тоа и дали може и ние да пробаме?

Дилемата околу носење црно на Златните глобуси

На почетокот на декември, холивудските актерки објавија дека ќе носат црно како протест против сексуалното малтретирање. Одлуката е во најмала рака занимлива, само што покренува серија прашања околу значењето: Дали е ова дополнително контролирање на жените? Дали ќе ги стават на тапет тие што ќе носат црвено, без разлика што дале поддршка? Мажите голи ли да дојдат? Плус, дали е сега во ред да си правиме муабет за тоа дали некој бил грдо облечен?

Се враќа „танга што се ѕирка од панталони” и време е за астероид

Тангата како парче за кое луѓето се одлучуваат од одредени причини не е воопшто проблем. Проблем е што некои луѓе сакаат да се врати 2003-та кога ластиците се дигаа до второ ребро, а фармерките идеа некаде до Венерин брег, на општа паника на сите мајки и баби што уште од тогаш ни го планираа потомството.

Кампањата против малтретирање во Холивуд почна

Тоа значи дека ова што го изнагледавме досега било само загревање. Допрва почнуваат.

Да бидеш сама не е крај на светот

Денес луѓето обавезно се фанатично избезумени околу одредена замисла како треба да изгледа животот. Ако работиш – што работиш, ако не работиш – од кај пари, ако имаш дечко – кога ќе се мажиш, ако немаш дечко – дали имаш проблем? За секоја сфера од животот твојот близок има мислење, а ти си зафатен со сопствените равенки за успешно завршување на денот. Под ваков притисок живее и Ејми Луткин, која пишува за Џезебел, и во еден текст категоризиран под „Осаменост”, го споделува своето мислење со наслов „Направив сè што ми рековте – и пак сум сама.”

100 години капути

Една од убавините на денешницата кога се работи за мода е што може да се носи нешто од било која декада и тоа да функционира. Капути има милион, и без разлика што еден правец сепак успева да влијае посилно од повеќе причини, денес можеш да излезеш во џиш-розева бунда од лажно крзно, додека другар ти е во пристоен Хуго Бос капут, а и двајцата да припаѓате на истото време. Ама, не било секогаш така.

Играчки за мозок, или како до инспирација

Што си ветивте за 2018-та? Меѓу сите материјални работи, сите односи со луѓето околу вас и вечното „да вежбам повеќе”, има едно што ви е најважно – инспирација.

Како Џефри Стар ја „уништи” Кајли Џенер

Пред некоја недела излегоа прескапите, (под)просечни четки за шминка на Кајли Џенер. Со цена од минимум 360 долари и пазарски изглед, не беше ни некој шок што ја уништија на социјални мрежи. Ама Џефри Стар тоа знае многу померачки да го избоцка.