Знаевте дека на почетокот на 20-ти век, навивањето, ама она, со кореографијата, го правеле мажи? Значи, не тоа од трибини со песните - тоа доле, со девојките. На сцена дошле девојки затоа што снемало мажи - отишле во војна. Во тоа време, навивачките знаеле да бидат и со дуксери, а единствено важно било да се мотивира тимот.
Дури во '70-ти, на сопственикот на Далас Каубојс му текнува дека карти многу подобро ќе се продаваат ако навивањето е тесно врзано со - сексапил.
Така и почнува биполарноста на навивачкиот свет - гламур, привлечност и забава, наспроти вербално малтретирање, сексизам и експлоатација.