Како така? Како им поминува да копираат туѓ дизајн без да ги гони закон? Џули Зербо, адвокат за модно право од Њујорк вели дека - нема закон за тоа.
Зара и H&M можат да произведат и да продаваат облека што изгледа речиси исто како дизајнот на луксузните брендови бидејќи, „Во основа, во Америка немаме заштитено авторски права за моден дизајн,” потврдува уште една адвокатка за модно право, Бијана Борукович. „Законот за авторски права не обезбедува ексклузивитет за корисни предмети,” се надоврзува Зербо.
Тоа значи дека Фешн Нова може детално да ги ископира роденденските аутфити на Кајли Џенер, а Насти Гал да реплицира комбинезон на Балман без многу филозофии.
Работата е само да најдеш луѓе што ќе сакаат да носат копии, а такви да ги ринеш со лопата.
Логоата, оригиналните принтови и имињата на брендовите се пак, многу полесни за заштитување од копирачи. Зербо вели, „под претпоставка дека логото или името има функција која може да се заштити, што значи, потрошувачите да можат да го видат тој знак и да го поврзат со брендот.” Значи ако некој се обиде да си ги присвои две „С” на Шанел, ќе се соочи со правни процедури и можни тужби. Од тие причини и брендовите за брза мода не се фаќаат за копирање парчиња што се преплавени од логоа.
А што кога ќе украдат од мали, независни дизајнери?
Не се фаќаат само за луксуз. Понекогаш ги ловат и малите луѓе и овде е потажно што не функционира никаков закон за заштита на авторски права.
„Често се случува да видиме модни џинови што крадат од мали брендови,” вели Зербо за Хафингтон Пост.
Две години има откако Басен, независна дизајнерка откри дека Зара и украла дизајн и не можеше ни да изгради случај против нив бидејќи не беше доволно позната.
Што е паметно тогаш?
Улогата на брендовите за брза мода е да ги донесат трендовите од пистите до широките народни маси и секогаш ќе има луѓе што ќе ги купуваат нивните производи од различни причини. Но дали се навистина лоши? Или се само уште еден дел од модната индустрија?
Најверојатно нема да доживееме модните куќи и дизајнери да престанат да се копираат меѓу себе, без разлика дали се работи за големи или мали имиња. И иако не е баш за восхит, останува фактот дека тоа рециклирање и кружење на дизајните отсекогаш било составен дел од самата индустрија.
Кога сме веќе на темава, Има ли спас од „брзата мода”?