Во едно креативно претерување, Саманта Сасо од Refinery29, го нарекува пензионирањето на Naked од Urban Decay кошмар на секој козметички ентузијаст, еднакво страшен како што за демократите би бил втор мандат на Трамп (во локалните кошмари не навлегуваме, многу се). Реалноста е дека овој чуден потег, во најмала рака нè фаќа неспремни, особено поради фактот што ова е една од најпродаваните палети за сенки, евер.
Првата излезе во 2010-та, со 12 сенки од топла земјена боја, до опасна сина. Од нејзе потоа видовме продолженија во вид на Naked2, Naked3, Naked Heat и Naked Basics. И Битпазар. На брендот му донесе над милијарда долари.
Зошто тогаш да не се продава веќе производот што и Мишел Обама и Кејт Мидлтон го ставаат во омилени?
Официјалната изјава е вака:
„Naked Palette сосема ја промени играта и креираше нова категорија, водејќи во последниве осум години. Стана основно парче во сечија колекција и се гордееме со тоа. Но, како што велат, подобро повлечи се додека си на врвот, и време е да го направиме тоа. Треба да ослободиме место за она што следува.”
И новото веројатно ќе биде стварно многу добро.
За прописно да ја испратат, од брендот ги собраа сите амбасадори на заедничко оплакување: