Каја Гербер и Карл Лагерфелд

Ќе прават посебна колекција, се разбира. Затоа што, ако си Лагерфелд, и треба да одлучиш која 16-годишна манекенка ќе ти ја претставува колекцијата, зар постои некоја друга освен ќерка ѝ на Синди Крафорд?

Девојчето веќе е нашетано по писти: Валентино, Изабел Маран, Ана Суи, Александар Ванг и Шанел. Сега соработува лично со креативниот директор на Шанел за модна капсула под неговиот личен бренд.

Соработката е со наслов Карл Лагерфелд х Каја, ќе има готова облека и додатоци - и е најкрупна соработка на компанијата досега. На 30-ти август веќе ќе можеме да ги видиме новите комбинезони, дуксери, моторџиски јакни и костуми. Плус, чокери со монограмот на Лагерфелд, чорапи над колена, плишани ташни и шешири со синџири - и сè ќе биде достапно на Карл.ком, што патем, проверивме, испорачува до кај нас.

Инстаграм докази дека ќе биде јако:

 

27 август 2018 - 14:14