Јутјуб каналот Pop Culture Detective 20 минути студиозно пристапува кон стереотипот на филмската бубалица и како таквите ликови ги доживуваат жените. И заклучува дека она што до вчера (до пред да го отворите линков можеби) беа трапави, асоцијални дечки што не знаат како ни во друштво, ни со жени, па упорно прават и трескаат глупости, веќе можеме да ги наречеме сексуални предатори, мизогинисти, па дури и силувачи. Притоа, единствената причина што им простуваме и на нив и на приказната е што „они уствари не мислат ништо лошо”.
Целата таа трапавост на деца израснати на жени од стрипови, во The Big Bang Theory се преведува во следното:
Хауард е перверзњакот со златно срце, Раџ е чувствителниот тип со лошо пијанство, Ленард е финиот „не јебе леп него упоран” тип (чија наводна вина е што никогаш не ги закачил другарите за нивното однесување и не ги одбранил жените достојно), а Шелдон е наивниот шовинист, кој е препаметен за да го интересираат женските чувства/права/како и да е.
Дилемата е: колкав дел од оваа студија е реално потребен и до каде ќе се оди со анатемизирање на сегменти од комедијата, додека полека не се изземат скроз и не добиеме оскуден entertainment каде што секој со секого се почитува.
А во ловењето вештерки, луѓето ја пропуштаат и скриената порака и иронијата во сцени како онаа на 11:40 на видеото, кога Шелдон изнервирано се жали:
„Жените знаат да кажат само 'јас ќе земам салата'... или 'кај ми е сјајот'... 'Мислам дека елементов треба да се вика Радиум'...”
Практично, светот на #MeToo сака да ни каже дека со жени нема заебанција. Никаква. Никад.
Се сеќавате на Говорот на Вуди Ален за Дајен Китон и навредените феминистки?
А еве го видеото: