Што е #TheAwesomeChallenge?

Социјалните мрежи знаат да бидат отров и често се, со тоа што повремено знаат и да се искупат и да бидат фино место за излегување.

Се даваат искрени комплименти, се посвојуваат животинки, се започнуваат кариери, а понекогаш знае да се рашири хаштаг за убаво и последна таква high-profile ствар е #TheAwesomeChallenge.

Се работи за едноставност: луѓето објавуваат фотографии заради кои се чувствуваат закон (Awesome). Како проект е започнато за да се соберат пари за повеќе од 7500 деца на кои им треба облека за првиот школски ден.

Како учесник, Џесика Алба ја објаснува кампањата на нејзиниот профил, заедно со гиф од нејзините ќерки пред да почнат со школо минатата година.

„Објавете фотографија со парче облека во кое се чувствувате одлично и тагнете три одлични пријатели. За секој пост со хаштагот #TheAwesomeChallenge, Rockets of Awesome ќе донираат една комбинација на Baby2Baby за секое дете што се враќа во школо да може да се чувствува одлично.”

Ема Хеминг-Вилис сподели слика од нејзе, сопругот Брус Вилис и нивните две мали ќерки со коментар „Денес е #TheAwesomeChallenge. Во лесна кошула и фармерки се чувствувам самоуверено, а со семејството се чувствувам ОДЛИЧНО. А вие?”

За различни жени функционираат различни работи. За една е фустан, за друга е сеќавање на ден поминат со друштво. Софија Буш под слика од група луѓе кои гледаат кон небото со очила кои заштитуваат од ефектите на затемнувањето пишува: „Пред точно една година бев сведок на една од најјаките глетки што сум имала среќа да ги видам. Затемнување, тотално, во друштво на некои од моите најдобри пријатели.”

Мишел Монаган од Mission: Impossible – Fallout кажува дека најдобро се чувствува додека трча по песок, слушајќи ја омилената музика со омилениот лак за нокти.

 

A post shared by Michelle Monaghan (@michellemonaghan) on

И вакви уште еден куп изјави што покажуваат дека до битната емоција - да се чувствуваш одлично - понекогаш те носи нешто сосема едноставно. А тоа, така едноставно, може да му го промени животот на некое дете што не го ни познаваш.

Фино е да бидеш свој, ама некои трендови треба да се копираат. Да, на ниво на држава.

29 август 2018 - 14:00