Сите музи на Лагерфелд

Најнова му е копијата на мајка Синди Крафорд, Каја Гербер со која што прави капсула. Меѓу другите се Ванеса Паради и Кејт Мос, од поновите Кара Делевин и Кендал Џенер. И уште еден куп убави жени.

Да се биде меѓу овие жени значи да се стои на највисокиот моден пиедестал, на кој во одреден момент се наоѓале некои од најинтересните жени во светот - пејачки, актерки и манекенки ја оформувале креативната визија на Лагерфелд, а првата е пред околу 30-40 години. Париската икона на стилот, Инес де ла Фресанж, која во истиот момент кога ја избрал за своја муза, станала многу повеќе од манекенка за неговата најнова кампања. Освен што ги шетала неговите креации по писти, била поканета во внатрешниот креативен круг во неговото ателје и станала официјален бренд амбасадор за Шанел додека (наводно) не се скарале во 1989-та. Се смирија скоро, во 2011-та, кога де ла Фресанж се прошета на ревија пролет/лето.

Од тогаш се изредија Кристен Мекменами, Линда Еванџелиста, Клаудија Шифер, Стела Тенант… Односот со Мекменами сè уште трае, дури и ја има испратено до олтарот на нејзината венчавка со фотографот Мајлс Олдриџ во 1997-ма. Од холивудските ликови, се дружи со Дајен Кругер, Џулијан Мур, Тилда Свинтон и Кристен Стјуарт, а од неочекуваните - Лили Ален, Мајли Сајрус, Вилоу Смит, па дури и неговото 10-годишно кумче Хадсон Крониг. Истовремено, ги слави и жените со кои работи зад кулиси, како неговата модна уредничка Карин Ротфелд и креативниот консултант Аманда Харлех, жената што ја опишува како негов „втор пар очи.”

Инес де ла Фресанж

 

Ана Винтур

Катрин Денев

Клаудија Шифер

Стела Тенант

Кристен Мекменами

Карин Ротфелд

Аманда Харлех

Кејт Мос

Алекса Чанг

Блејк Лајвли

Блејк Лајвли

Флоренс Велч

Тилда Свинтон

Дајен Кругер

Кристен Стјуарт

Ванеса Паради

Лили Ален

Кира Најтли

Батист Џабикони

Џулијан Мур

Кендал Џенер

Кара Делевин

Хадсон Крониг

Вилоу Смит

Лили Роуз Деп

7 септември 2018 - 12:45