Дневна доза ентериер

И мудрости за уредување по дома.

Затоа што некој можеби во моментов уредува стан па му треба ваква инекција. Затоа што како и облеката, и начинот на кој го уредуваме домот е одраз на карактерот. И наједноставно, затоа што станов е убав и инспиративен за гледање.

Она што е фино во последниве години е што сè повеќе луѓе (да, локално, Скопје и слично) се освестуваат околу тоа во каков простор е забавно да се живее, а во каков да се се биде само набљудувач.

Најлесно е да одиш до првиот салон и да се фатиш за првата беж гарнитура. Оди искомбинирај ја со црно-бел тепих да те видам.

Овде живее Емили Римен која работи ПР, и нејзиниот сопруг Скај кој е дизајнер. И ако овој стан го одразува нивниот карактер, делува како да треба да се запознаат.

На прашањето што си мислеле кога уредувале, одговараат со следното, притоа несвесно кажувајќи ја главната поента на декорирањето на простор каде што ќе поминуваш најголем дел од времето:

„Уживаме да бидеме опкружени со нешта што ги сакаме - антиквитети што сме ги наследиле, значајни работи од нашите патувања, уметност што сме ја собрале или што ја направил Скај. Низ годините, декорот еволуираше органски со многу бои и микс од стилови што ни се свиѓаат. И двајцата сме креативни и на домот му приоѓаме како платно за работа. Постојано додаваме и менуваме, но околината секогаш мора да инспирира и да биде удобна.”

Најдобрите парчиња што ги имаат?

„Трпезариската маса е на моите, од времето кога тие се земале. Многу сакале да викаат гости на вечера, и масата има видено и провод и истурени пијачки. Мојот син гардеробер во спална не само што бил префарбан сто пати, туку го селев од Њујорк до Калифорнија и носи многу спомени. Штафелајот го направила баба му на Скај и го користела додека учела кај уметникот Клифорд Стил. Sидот со уметност е композиција од слики на Скај (дури и неколку што ги нацртал како дете), па сентиментални фотографии, винтиџ принтови и спомени како покана од нашата свадба.”

И на крај, најдобрата мудрост за уредување по дома што ја слушнале?

„Цени го тоа што го имаш. Сигурно немаме најсовршено уреден стан, но сè што имаме и начинот на кој живееме многу ни значи.”

30 август 2018 - 11:47