Меѓу карактеристичните Инстаграм постови на Глорија Стајнем, во мај минатата година се сврте и еден каде што изрази поддршка за нов козметички бренд, Липстик Лоби, и нивниот нов кармин, Kiss My Pink. Слободен превод, „да ми се фатиш за розевово”, па како што гледате, полека станува јасно: карминот и неговото производство е во одбрана на женските репродуктивни права после победата на Трамп и 100% од профитот од продажбата оди директно во Planned Parenthood.
Кога Дејвида Хол, основачката на компанијата сфатила дека Стајнем е фан, не ни размислувала - „После претходната кампања (за закон што би го контролирал оружјето) знаевме дека сакаме да направиме нијанса фокусирана на жени, особено на оние на кои им требаат видливост и ресурси,” изјавува таа за Refinery29. „Со Глорија се сретнавме во Њујорк и разговаравме колку би било добро ако соработуваме.”
И сега скоро, ова партнерство оживува, со нијансата In The Clear, балзам за усни полн во витамин Е (океј, уште повеќе логика: не е баш ни кармин) и ќе собира пари за проектот unPrison, на женска организација која работи на обучување затворенички за вештини, помага во планирање на животот откако ќе излезат и им помага да останат поврзани со децата. „Мораме да обрнуваме внимание на проблемите какви што се - на жените во затвор не им е лесно и немаат ресурси да обезбедат живот за себе и нивните семејства или да побараат помош,” ќе каже Стајнем во една изјава за медиуми.
Претходно, Липстик Лоби вадеше храбри и дрски бои; кармини што се бучни без ништо да кажеш. Хол вели дека идејата на Стајнем да има безбојно лабело била далеку од концептот, но сепак на крај се покажала како вистинско решение - што дури и одговара. „Навистина имаше смисла во однос на нашите вредности и мисија: да се прифати секој, и секој може да го носи,” вели Хол. „Инклузивноста е клучот на она што сме. А ние не се сметаме за козметички бренд; ние сме бренд за социјална правда и да, правиме кармини, но сè се сведува на профитот и каде тој ќе заврши.”
Лабелото ќе биде 19 долари и името „има повеќе значења. Ги претставува симболично сите жени, вклучувајќи и жени кои биле во затвор и сите имаат јасна и светла иднина. Ја опишува нашата желба да бидеме ослободени од судења и стигма - а тоа ни е на сите познато. И на крај, проѕирното ги симболизира сите илјадници жени кои се невидливи,” вели Стајнем. „Сите имаме право да се бидеме ослободени, без разлика на нашето минато.”