Какво сјаење е тоа кога си во спотлајт затоа што Дастин Хофман пред едно 30 години бил сељак, а ти без разлика на твоите 17 си се кикотела на неговите сељачки захтеви и забелешки сепак не е до крај јасно, ниту ќе навлегуваме во психолошката состојба на една тинејџерка која се нашла во една незавидна положба. Муабетот овде е дека како и Анџелина Џоли (која рече дека имала непријатна средба со Вајнстин и од тогаш едноставно НЕ РАБОТЕЛА со него), и Глорија Стајнем има една спасоносна филозофија по тоа прашање.
Да си дете кое личи на возрасен, а сепак нема доволно искуство да расудува правилно во една сурова индустрија - знае да биде прилично незгодно, но во интерес на учење од туѓите грешки, а и од мудроста на некои паметни луѓе, еве што вели Стајнем.
Кога младите писателки се селеле во Њујорк да ја започнат својата кариера, во времето кога и Стајнем го прави тоа, постоело едно непишано правило меѓу жените, да се предупредуваат меѓу себе кои уредници се „добри”, а кои се од оние што „бараат да отидеш попладнето во хотелска соба со нив,” и така се штителе, што во време кога кариеристките и не се баш заштитени било еден одличен симбол на таа женска солидарност.
Во едно интервју на новинарката Мети Кан од Ел со Глорија, го имаме следниов муабет:
Како ви се чинат обвиненијата против Харви Вајнстин? Во вакви случаи, дали се работи за моќ?
За Харви важат две работи: Веројатно е најдобриот човек во Холивуд за поддржување талентирани, моќни жени што работат на добри филмови... и го пали немоќ, затоа што културата доминирана од мажи му кажала дека тој треба да доминира. Може да се справи со паметни жени кои ги гледа како еднакви на себе, тие не му се сексуални. Сексуална му е доминацијата.
Но како да се справиме со ваквото однесување? Како да го искорениме?
Ќе правиме тоа што можеме да правиме. Ќе речеме, „Кој те ебе, не ти работам.” Ќе го обвиниме. Ќе им кажеме на пријателите, „Внимавај со оној.” Ќе се поддржуваме меѓу себе. Кога гледам дека некој ја кажува вистината, се обидувам да го поддржам и да кажам фала.
Некои од овие жени кои го обвинуваат велат дека пропуштиле некои кариерни можности затоа што го кажале тоа во јавност. Дали вие сте биле во таа положба, да ви се одземат некои шанси затоа што сте зборувале за тоа, или затоа што сте „направиле драма” за нешто?
Да, но доброто кога работиш сам е што никој не може трајно да те отпушти. Сум можела да кажам, „Кој те ебе,” или „Нема да го направам тоа.”
*
Гледате, многу често, и во многу голем број на случаи неретко различни од овие, фразата „кој те ебе”, иако вулгарна е крајно една корисна работа за вашиот личен раат.