На светот никако да му се погодат манекенките, па Балман си направи дигитални

Сакаме подебели, сакаме послаби, сакаме вакви, сакаме онакви… Океј, ворлд, еве ви дигитални. Ај сега да видиме колку време ќе им треба да смислат дека и дигиталните манекенки имаат чувства.

Балман значи, си направи нова дружина од супермодели, со тоа што - не се вистински.

„Секој е добредојден да се придружи на војската на Балман - само треба да го дели храброто чувство за авантура на нашите нови виртуелни икони, Марго, Шуду и Жи кои одразуваат убавина, опасен стил и самоуверена моќ,” пишува на официјалниот сајт.

Моделите, што не се ни забележува дека се дигитални, ги создава фотографот Камерон-Џејмс Вилсон, кој уште во 2017-та ја направи Шуду. Облеката ја креира CLO Virtual Fashion, чија специјалност се хипер-реалистичните 3Д симулации на облека.

 

A post shared by BALMAIN (@balmain) on

Шуди е позната како „првиот дигитален супермодел во светот.” На Инстаграм има речиси 140.000 следачи и веќе ја има по кампањи на Фенти и на фотосесии на Women's Wear Daily и Cosmopolitan.

 

A post shared by BALMAIN (@balmain) on

Популарноста на виртуелните модели расте - Лил Микела, ликот креиран како проект по дигитална уметност има над милион следачи на Инстаграм и носи висока мода и промовира повеќе добротворни организации.

 

A post shared by *~ MIQUELA ~* (@lilmiquela) on

Креативниот директор на Балман, Оливер Рустинг е познат по неговиот стил и фокусот да ја донесе модната куќа на врвот на дигиталната ера. „Треба да се менуваме. Да туркаме граници. Да зборуваме за новата генерација. Да ја направиме модата релевантна,” вели тој во едно видео за Њујорк Тајмс од минатата година.

На почетокот на годинава, Рустинг го направи My City of Lights, еден проект со виртуелна реалност кое имаше цел да им помогне на луѓето да го разберат неговиот креативен процес. А крајната цел на Рустинг му е да направи мост меѓу модата и технологијата.

31 август 2018 - 13:04