Се работи за дел од сосема нова железница што треба да ги поврзува Сан Франциско и Лос Анџелес а чија изградба ќе чини околу 100 милијарди долари.
Сега прославуваниот мост има должина од 487 метри и може да се изоди за помалку од 5 минути, граден е повеќе од 9 години и на ова фаза од изградбата се потрошени неверојатни 11 милијарди долари.
Подоцна калифорниските власти ја корегираа информацијата објаснувајќи дека сега завршила фазата во чиј склоп е изграден и мостот, а таа за овие пари инаку вклучувала и вијадукт, други мостови и надвозник.
Критиките и сеирот се однесуваа за еден претходен пост на калифорниската железница во кој се наведува дека вијадуктот во Мадера е една „од првите завршени структури за супербрзата железница“