Томас Маркл е супер во споредба со другите скандали на кралското семејство

Во последното интервју за британски весници, Томас Маркл изјавува дека го лажел принцот Хари за наместените папараци фотографии и дека не му дозволиле да држи говор на свадбата. Сето ова и покрај неговата изјава дека веќе нема да зборува со новинари. А ако се разгледаат претходните скандали што го треселе кралското семејство, за Томас Маркл треба и фала да кажат.

Ич да не почнуваме од пред 300-400 години. Ќе почнеме од 20-ти век.

Абдицирањето на Едвард VIII

Кралот на сите скандали: Откако ја запросува Волис Симпсон, инаку разведена Американка, Едвард VIII ја фрла Британија во уставна криза затоа што во тоа време кралот и поглаварот на англиканската црква не смее да се венча со разведена. И бидејќи естаблишментот одбива да го промени тоа, тој абдицира од тронот во 1936-та. Таа одлука ја менува монархијата засекогаш - на тронот застанува брат му Џорџ, а Елизабета (тогаш Елизабета од Јорк) станува наследничка.

Врската на Принцезата Маргарет со Питер Таунсенд

На крунисувањето на Кралицата Елизабета, принцезата Маргарет зачистува некое ѓубренце од реверот на поранешниот поданик на татко ѝ, Питер Таунсенд. Интимниот гест го фаќаат новинари и ја вадат на виделина нивната афера што била исто така проблем затоа што Таунсенд бил обичен човек, притоа разведен, и според тоа недостоен за Маргарет и нејзината висока титула.

Еден акт за кралски бракови од 1772-ра ѝ овозможува на Елизабета да го има последниот збор за оваа ситуација, меѓутоа се нашла во дилема: дали да изгледа дека одобрува развод и со тоа ги нарушува основните правила на религиозното тело што го води, или да ја жртвува среќата на сестра ѝ? Наоѓа сосема пристојно решение - можат да останат заедно, но Маргарет да се откаже од нејзините права на тронот.

Маргарет сепак не се мажи за Питер Таунсенд. Се мажи за Ентони Армстронг Џонс и се разведува години подоцна.

Нацистичките симпатии на Војводата од Виндзор

Во 1957-ма, американскиот печат ги објавува документите Марбург, скандалозни германски податоци од каде што се дознава дека Едвард, војводата од Виндзор не е само симпатизер на нацистите, туку и дел од завера организирана од Хитлер да се врати на тронот. Дали војводата бил свесен дека се планираат вакви работи сè уште се дебатира, но сепак податокот стои дека во 1937-ма му бил на Хитлер на гости во Германија.

„Неговото Кралско Височество никогаш не се откажа од лојалноста на британската кауза,” се објави од Бакингемската палата на темава. „Германските податоци не се веродостоен извор.”

Хаотичната разделба на Чарлс и Дајана

Нив двајца ги опкружуваа секакви гласини за време на заедничкиот живот, но сепак во 1992-ра бракот стигна до точка од која нема враќање. Прво беше една афера со телефонски повици каде што се тврдеше дека Дајана разговарала со љубовник. После беше експлозивната биографија на Ендру Мортон, со дозвола од принцезата, полна со детали од нејзиниот несреќен брак. Во декември истата година, Чарлс и Дајана објавија дека се разделуваат пријателски. Наскоро имаше уште снимени разговори - овој пат меѓу Чарлс и Камила Паркер Баулс, како доказ дека сепак нивната врска не е само рекла-казала.

Интервјуто на Дајана со Бибиси

Во 1995-та, Дајана без да се консултира со Палатата, му раскажува сè на Мартин Башир од Бибиси во едно интервју - за булимијата, самоповредувањета и растурањето на бракот - од каде што излезе и изјавата која беше едно боцкање за неговата тогашна љубовничка, а сега сопруга: „Па тројца бевме во бракот, па беше гужва.”

Исплатата на Сара Фергусон

Во 2010-та, од News of the World ја фатија Сара Фергусон како продава пристап до нејзиниот поранешен сопруг, принцот Ендру за 500.000 фунти. „500.000, кога ќе можеш, мене, па отворени врати,” наводно вели Фергусон на видеото.

Откако излезе информацијата, се извини: „Длабоко жалам за ситуацијата што ја предизвикав. Да, точно е дека финансиите ми се под стрес, но сепак тоа не е изговор да погрешам на тој начин и навистина ми е жал што се случи ова. Можам да потврдам дека војводата од Јорк не беше свесен за разговорите што се случуваа.”

На свадба кај Вилијам и Кејт не ја викнаа, кај Хари ја викнаа. А нонстоп некој сведочи дека принцот Филип не може да ја поднесе.

Разулавените денови на Хари

Некое време, принцот Хари беше баш бесно дете - а весниците не пропуштија да се изнарадуваат на тоа: се облече како нацист за еден маскенбал, го сликаа како се забавува гол во хотел во Лас Вегас, и слично. Од тогаш Хари е поприбран член на кралското семејство, но за Њусвик вели: „Уште имам палава жичка во која што уживам и преку нејзе се поистоветувам со луѓе кои некогаш си направиле проблеми.

Со ваква историја, ќе го бараат Томас Маркл.

3 септември 2018 - 14:27