7 работи што не се носат во Париз

Во едно шармантно видео, авторката Мари Ан Лекор набројува 7 нешта што не треба да ги ставаш на себе кога си во Париз. А бога ми и било каде.

Она што е занимливо, е што ова видео и не мора да се гледа само како еден од многуте производи што се вадат на оној мит за типична Французинка вреден милиони долари, и не важи само за Париз. 

Малце треба да биде библија.

Зошто?

Затоа што, ова се 7 работи што треба да ги избегнуваме во секој случај.

На пример, неонски бои.

Облека за вежбање за по улица, а во теретана не си се појавил од прва факултет (да, тренерки за на кафе е глупо, извинете).

Деколте до земја.

Сукња-каиш...

Практично, не е ова толку „совети што да не облечеш кога си во Париз”, колку што е „совети како да не бидеш сељанка”.

А, колку многу ни треба тоа денес.

Инаку, Лекор е автор на две книги и има сајт преку кој соработува со жени и им помага при оформување на нивниот личен стил.

29 август 2018 - 10:50