Што ќе носиме во наредниве неколку месеци?

Досега веројатно научивме дека модата се повторува. Ама има нешто што одамна не сме виделе: кафеаво.

Со новите трендови есен-зима 2018/19, не значи дека мора под итно да влезете во првата продавница по избор и да обновите сè, поради тоа што се баш - трендови. Ќе поминат. Кафеавото на пример, што очигледно ни следува во наредниве неколку месеци, никогаш не се задржа доволно долго и еден куп плакари го држат некаде позади кај старите алишта што ти е жал да ги фрлиш.

Од друга страна, некои трендови (од оние што никако да си одат) доживуваат апгрејд: не проаѓате веќе само со неколку слоеви облека (layering). Не, сега ќе мора малце повеќе да се претера - трендот оваа есен и зима е over-layering. Неколку слоја. Ролка, па џемпер, па јакна, па уште нешто. Што всушност, го прави следниот тренд уште полесен за вметнување - плетено. Внесете на Гугл knitwear и побарајте слики. Џемпер, врз џемпер, врз грд Прада џемпер, врз убав Диор џемпер... Ќе издржиме.

Може ќе треба и да се сликаме вака страшно сериозни.

Па чизми над глуждови. Конечно фино. Којзнае што убавини нè чекаат во оваа категорија.

И после благ пад од врвот на листата „што да се носи”, пак на високо се враќа огромниот накит. Ако морате, гледајте остатокот од аутфитот да биде неутрален.

И така натаму...:

3 септември 2018 - 17:07