И јас знам жена

Од Мет Дејмон и неговото „И јас имам ќерка, знам како е” навака, се постави прашањето дали треба дополнителна едукација на темата поддршка за жени и женски права, без разлика дали имаш жени во потесниот круг.

Всушност, проблемот не е толку нов, ама ништо не остана неизвозено со енергијата на бучната #MeToo кампања од која последиците (што позитивни, што негативни) сè уште траат.

Оваа сатира од College Humor успева да нè потсети колку многу има класични кретени што се однесуваат кон жените како кон луѓе од втор ред, заборавајќи дека имаат мајки, сестри и слични други женски суштества околу себе. Само на некои од нив можеш во глава да им ставиш дека утре неговото „кај ми е ручекот” понашање може да ја снајде сестра му, братучетка му или некоја друга драга особа, а најверојатно веќе ја снаоѓа мајка му - и не е убаво.

Отидовме премногу локално.

College Humor сака да ни каже дека некогаш треба поддршка за одредени работи без разлика дали некако допираат до нас и нашето опкружување и без разлика дали ги разбираме.

Во превод, ти може си маж и стварно никогаш нема да (треба да) абортираш, ама тоа не значи дека не треба да се залагаш за женското право на избор, на пример.

10 септември 2018 - 11:59