Го дотепаа кокосовото масло

Сега отров било, за тоа веќе пишувавме, ама се јавија уште професори од реномирани школи да нè караат што претеруваме.

Каја Гербер и Карл Лагерфелд

Ќе прават посебна колекција, се разбира. Затоа што, ако си Лагерфелд, и треба да одлучиш која 16-годишна манекенка ќе ти ја претставува колекцијата, зар постои некоја друга освен ќерка ѝ на Синди Крафорд?

Како нè мавта козметичката индустрија

Една од најконтроверзните теми на која се расправа е дали воопшто кремата за околу очи врши некаква функција. Не.

Гола веганска драма што ги задоволува сите потреби за сеир

Ја знаете Freelee the Banana Girl? Не се секирајте, ни ние не сме го чуле претходно ова глупо име, ниту пак сме го виделе нејзиното онлајн присуство. А имало што да се види.

Асиа Арџенто да не мава многу со камења

Кој од вас е без обвинувања за сексуален напад и вонсудска спогодба за ќутење за истиот, нека го фрли првиот камен.

Некст-левел стручност за селфи

…И како се постигнува. Овде ќе ги напуштиме сите теории на млака вода и сериозни истражувања околу тоа колку селфи-културата е проблематична и на колку точно психолошки проблеми укажува и ќе се фокусираме на тоа колку ова видео за како се прават напредни селфиња е пријатно и атрактивно за гледање.

Што се учи кога работиш во индустрија за секс-играчки

Отсекогаш ме фасцинирала човечката сексуалност и ме бунело зошто луѓето не зборуваат повеќе на таа тема. На крај станав секс-терапевт, магистрирав на психологија, па сфатив дека не ме бива за терапевт и подзастанав да се пребројам. И кога видов дека пазарот на секс-играчки е проблематичен и регресивен, решив да се фокусирам на создавање решенија за една застарена категорија и така се роди Dame Products.

Ријана е сè уште махер за прифаќање себеси

Ријана нема никаков проблем да дискутира и да се шегува околу нејзината „флуктуирачка форма”. И има многу едноставно-јака (и непријатна) поента околу цената што треба да се плати ако сакаш голем задник и големи гради.

Стрес или анксиозност? Има разлика

Понекогаш се случува секојдневниот стрес да престане да изгледа толку ‘секојдневно’. На пример, кога не можеш да спиеш, или кога можеш ама имаш кошмари и не ни сакаш веќе да спиеш. Или кога цело време те стега стомакот и толку долго трае тоа што не се ни сеќаваш кога почнало. Или кога ќе ти се забрза срцето и ќе останеш без здив. Не ќе да е само стрес тоа.

Дезодорансот што го чекаат 8000 луѓе

Од могули што самите себе се направиле могули, од нула: Кејти Стурино е основач на Мегабејб, компанија за производи за убавина што произведува инспирирана од табуата поврзани со женското тело. Блогерка на The 12ish Style и мајка на дури три кучиња со илјадници следачи на Инстаграм. Најновиот производ ѝ е Rosy Pits, и сè уште не може да се нарача.

Да се добие главната женска улога

Изгледа оние доскочици од шанк „што си толку намрштена” се случуваат и во многу подневен и посериозен контекст. „Насмеј се малку,” не мора да трпи само обичната жена со несреќен удварач - мораат да трпат и луѓе на интервју за работа. Со тоа што, во случајов, интервјуто е аудиција, а работата е - филм.

Сега Руби Роуз не им е „правата лезбејка” за Бетвоман

Светот е неподнослив. Луѓето се гадни. Сега Руби Роуз не им е совршена лезбејка за улогата на Бетвоман во филмот што допрва треба да излезе.

Се исплати ли ASOS?

ASOS испорачува до кај нас. Ако некој пробал, нека каже како е, ама имаме тука суд од дизајнерска гледна точка.

Мажите се бескорисни пред 33

Во серијата на Тиндер, Swipe Sessions, Џенифер Лопез ѝ помага на една 29-годишна корисничка, Брук да избере некој од предлозите. Тука се раѓа оваа изјава.

Адвокат за развод да ви каже

Има многу да се учи за бракот од луѓе чија работа е да ги поправаат проблемите во него: Советници за парови, психолози, психијатри, свештеници… А може да се научи и од луѓето што после собираат, ако првиве не успеат: адвокати за развод.

Да си поплачеме: Се враќаат машките кратки шорцеви

Том Форд директно кажа дека мажите „не смеат да носат шорцеви во град.” Фран Лебовиц со право ги нарече „одбивни”, и да се разбереме: машките КРАТКИ шорцеви се је-зи-ви. Среќа долго време се „срамота” да ги носиш. Зошто тогаш сакаат да ни ги вратат?

Армани на филм

Ви текнува по филмови кога ќе кажат, „Полека, ова е Армани одело од икс-илјади долари?” Не се таму проблем потрошените илјадници долари. Армани е премногу закон за тебе да не ти е страв дека некој ќе помине и ќе ти го уништи драгоценото што-и-да-е дизајнирано од него. Наскоро ќе ви се разјасни и зошто.

Руби Роуз ќе биде Бетвоман

Романтичната идеја е дека Бетвоман е создадена во 1956-та затоа што на Диси Комикс им фалеле женски херои наспроти домаќинките налик на Дорис Деј.

Каков тип на маж би земал презиме од жена му?

Еден од најупорните родови аспекти на современиот хетеросексуален брак.

Зошто треба да се биде кучка

Тешко е да се провлече зборот „кучка” во било какво дело (статија, текст, книга, филм, говор) без со него да се провлече и дилемата дали се работи за нешто паметно или за уште едно досаѓање во рамки на погрешно сфатен феминизам. И меѓу сите тие јачања (биди кучка или ќе те прегазат) и излитени фрази (кучка во кревет, не знам што таму на улица), лежат и умните дискусии, како оваа.

Да се преживеат температуриве без да личиш како да си излегол од Вардар

Џабе се труди човек да личи на нешто на 40 степени. На вакво време, цела шминка, сите ќошеви на телото, било каков обид за средена коса - сè се распаѓа.

Многу работа не е на арно

Прво дознавме дека одмор од 8 дена не е одмор, а сега дознаваме и дека претерување со работа не е добро за здравје. Конечно се прават вистинските истражувања!

На Кејтлин Џенер ѝ се глуми Марвел негативец

...Негативка. На стаклени нозе се држи насловов, среќа не сме во англиско говорно подрачје.