Винарии забрануваат момински вечери

Не знаеме дали на домашните уживачи во „девојачко” им текнало да прават обиколки по винарии, ама очигледно тие што му се локални на Лонг Ајленд претерале. Неколку винарии од таму почнале да ставаат забрани на момински вечери заради целото тоа вриштење, правење човечки пирамиди и изобилство на фалусовидни додатоци, што, замислете - им пречело на другите гости.

И Инстаграм знае дека е штетен за (ментално) здравје

Едно е да си праќаш сликички во приватна порака со другарчиња, по што следат дебати и дискусии за тоа дали Крокс се во ред за надвор, ама повеќето корисници ич не го поминуваат времето на Инстаграм така - и по најновите истражувања, тоа време во просек е девет часа дневно. ДЕВЕТ. ЧАСА.

Татко ѝ на Меган Маркл не чини

Или барем така излегува после сите интервјуа што ги исподаде и сите папараци фотографии што ги наплати. Фино е да се мисли дека човекот само сака да ѝ привлече внимание на ќерка му, ама после сите глупости, излегува дека само сака да привлече внимание и точка.

Мора ли до толку да се трпи за убавина?

За пластични чизми и штикли е муабетот. Тоа така фино изгледа на Инстаграм и по модни магазини, така топло потсетува на вечно посакуваните стаклени чевлички на Пепелашка, и истовремено така брзо тргнува наопачки кога ќе го навлечеш на себе, што си бара посебна онлајн архива со наслов „проблеми со ПВЦ”.

„Обратно силување” веќе не е тоа што мислиме

Нема дефиниција за силување што не е грозна, и таква е и онаа за обратно силување, што до скоро беше „кога жена силува маж”. По ново, оваа дефиниција добива суштинска, криминално идиотска измена.

Ако не сакаш да го шокираш организмот со дигитален детокс

Ви се бега од интернет и технологија? Не мора да биде толку строго и како со нож пресечено.

Зошто во „Princess Diaries” го нема таткото?

Ако ве фати 2000-та во тинејџерски години, тогаш веројатно ќе ви текне на Princess Diaries, ако не на книгите, тогаш на филмот. Со Ен Хатавеј, кога не знае дека е принцеза, па ќе дојде кралицата (Џули Ендрус), па ќе и каже, па хаос. Кој ги читал книгите, веројатно знае дека таму го има и таткото на принцезата. Во филмовите го нема, и причината воопшто не е мистична туку е - Џули Ендрус.

Celebface - фин потсетник на реалноста или мизогинистички профил?

Биото на Celebface на Инстаграм е „Добредојдовте во реалноста” и „Ако не сакате да ја видите вистината, напуштете ја странава.” Има половина милион следачи и таму може да се најде детално, речиси опсесивно сецирање на сите начини на кои се конструираат телата на славните во сите медиуми.

Баленсијага ги премина сите граници

Не, не затоа што украдоа дизајн на торба од сувенирница. Затоа што пукнаа да го убедат светот дека ако кажат дека нешто сто пати видено, евтино, глупо и грдо е добро (и треба да биде скапо), тогаш тоа мора да е така.

Вагинално подмладување не постои и опасно е

На ниедна вагина не и е потребно подмладување - и сè попопуларната процедура позната како vaginal rejuvenation, или „вагинално подмладување” може да биде дури и опасна.

Ванс и Ван Гог, то су срца два

Ванс има нова капсула и превозбудлива соработка, ако така може да се нарече - скејтерскиот бренд се спојува со Ван Гог музејот, кој ја има најголемата колекција уметнички дела од Ван Гог и прави колекција облека и обувки со наслов Vans Classics. Да, светот секојдневно разочарува, ама па после прави и вакви работи, па му простуваш.

И жените можат да работат по бандери

Новозеландската агенција за транспорт ќе менува знаци на кои пишува Linemen - во Line Crew, откако добила писмо од седумгодишно девојче кое им укажало дека „и жените можат да работат на бандери.”

Љубовно писмо до црвениот кармин

Првиот пат не се заборава. Во 1989-та, танцував на Soul II Soul, во исечени Левис фармерки и трико. Во плишаната ташничка имав цигла-црвен Miss Selfridge кармин и додека го имав на себе се чувствував комплетно своја. На 14 години, се зацапав длабоко и немаше назад.

Дали треба да раскинеш?

Ако ти дошло до тоа да прашуваш Јутјуб комичар дали треба да раскинеш, тогаш - да, треба.

Сонот на секој Инстаграм инфлуенсер

Да не работи ништо, да шета по свет и да јаде капкејкс со пастелни бои? Не. Милион долари од пост.

Предавања по #MeToo за Саша Барон Коен

На три емитувани епизоди, луѓе што е многу можно да се скарани со хумор, се веќе навредени што Саша Барон Коен не заебава доволно важни жени.

Вселенско матично

Затоа што, ако воопшто има други живи суштества во вселената, најважно е да знаат дека баш вие сте во брак.

Шарлот ефект

Каква Меган Маркл, каква Кејт Мидлтон.

Во ред, Скарлет Јохансон нема да глуми трансродов маж

Во филмот Rub & Tug што допрва ќе се снима, Скарлет Јохансон требаше да го глуми трансродовиот Данте „Текс” Гил, но се разбира дека луѓето што живеат на интернет полудеа и сега се откажа.

100 години ритуали пред спиење

Серијалот почна со основните ствари: сто години убавина, па форми на тело, па фризури, па мода... Откако ја покрија основата, почнаа да одат во детали, што стана уште поинтересно: сто години женски патики, на пример. И откако почнаа да им се трошат и такви интересни работи, отидоа на уште поспецифични и поинтересни ситници - на пример, сто години подготовки за спиење.

Ешли Греам да ве спреми за плажа

„Дебели бутови спасуваат животи.” Не се знае каде е логиката на ова, што во оригинал е „Thick thighs save lives”, ама добро звучи.

Не секој Инстаграм профил се исплати

Покрај милионските инстаграми на денешните супермодели (и актерки и пејачки и слично), на мрежата има уште минимум стотина профили со нивните имиња - и некои од нив имаат сериозна бројка на следачи. Често се со името на девојката плус “style”, “haus”, “closet”, “streetstyle”, а баш кај тие со closet (плакар) се собрани по минимум 50.000 следачи (за Бела Хадид), и се стига дури и до 381.000 (кај Селена Гомез). А сигурно самите сопственички на плакарите не си ги водат тие акаунти. Тогаш кој?

Како од пивница да направиш дом?

Гледајќи онакви емисии (па и филмови каде што е тоа централна тема), кога купуваат крш куќа, ја реновираат и реставрираат и или уживаат, или ја продаваат уште поскапо, на човек му доаѓа да се запраша зошто со тоа не се бави. И одма има одговор: кај нас плаќаш локација. Така што, да, таа утепана барака во Козле што секогаш те инспирира кога ќе пројдеш може да се направи бомбона, ама во старт ќе ја платиш колку триспратната куќа до неа.