Додека интернетот се расфрла со мемиња I don’t want to live on this planet anymore, не сфаќајќи ја заебанцијата за собирањето милион долари за Кајли Џенер да стане милијардерка - еден нејзин пост на Инстаграм вреди милион долари. А да, со истите мемиња се расфрлаат и затоа што воопшто живееле во свет каде што Кајли Џенер имала скоро милијарда, истовремено промашувајќи ја поентата дека самиот факт што не се фрлаат метафорично од мостови за поважни работи (како чист воздух!), туку за нечија милијарда, веќе значи дека учествуваат во проблемот, но добро.
Според WWD, и нивната информација за милионот по пост, заклучокот е дека Џенер најдобро заработува од Инстаграм од сите корисници на светот.
Има 111 милиони следачи и наплаќа повеќе од сите нејзини роднини кои знаеме дека ги има многу и дека сигурно многу наплаќаат. Заработува повеќе од Селена Гомез, а Гомез е прва по број на следачи во свет.
Чудно е а се помисли дека слика од Џенер во онакво за теснење струк може да вреди милион, но факт е дека отсекогаш имала силно присуство на социјалните мрежи, што заради возраста и потребата на најголемата демографија на Инстаграм да се поистоветува со некого, што заради друго. Да не забораваме дека нејзиното благо незадоволство со редизајнот на Снапчат ја чинеше компанијата милијарда долари.
И ова не разјаснува зошто производите ѝ се толку фушерајски. Напротив, се продаваат ко луди и се најатрактивни за копирање.