Накратко, кукањето е од прилика е зошто ругате само влијателни мажи, а жените што ги пизмите пред цел свет ви се анонимни?
Овде можеме да дискутираме дали е можно жените од јавниот живот да имаат малку повеќе памет и не би прифатиле така учество во ризични емисии на телевизија, ама тоа ќе оставиме времето да покаже.
Во моментов, плачот е дека сценаристите на серијата се сите машки и дека тоа придонесува кон нееднаква застапеност на жените во приказната.
Овде да направиме пауза и да се разбереме дека да, некој се буни и што жените имаат нееднаков третман во серија на Саша Барон Коен која меѓу другото има за цел и да оштети некои од учесниците (се разбира со право, и за ствари што си ги бараат со боринче, но сепак!).
Во првата епизода, Коен како Рики Шерман, поранешен затвореник кој станува уметник - интервјуира сопственичка на галерија во Лагуна Бич, Кристи Коунс. За разлика од повеќето луѓе во епизодата, таа не е ни јавна, ни влијателна личност, освен што знае да натера луѓе да купат скапи уметнички дела. Коен ѝ дава слика која е наводно направена од неговите фекалии и ја тера да му даде од нејзините срамни влакна за да си направи четка. И таа го игра. Во еден момент, оди во тоалет и се враќа со нејзин портрет што наводно го насликал делумно со сперма.
И секогаш е вака гаден и така заработува за живот. Но, според новинарката Ана Силман, Коунс се истакнува во оваа епизода со тоа што е единствената што нема врска со политика, и единствената што не е јавна личност. И тврди дека нејзиното вклучување носи чувство на лажна еднаквост, како да треба да е еднакво презирана како оној што заговара пиштоли и промовира узи во форма на еднорог за дечиња.
Како да на некој воопшто е нормално да му текне дека ни треба инклузивност, односно еднаквост, односно феминизам во серија или филм на Саша Барон Коен.
За едно е Силман во право. Заебанцијата дека уметничкиот свет знае да биде апсурден и претенциозен е добра. Ама, истовремено се прашува, дали воопшто се исплати?
Во втората епизода, жалта е околу интервјуто со (повторно само една) жена наспроти серија влијателни и политични мажи: Корин Олимпиос, од Bachelor. Коен е овде Џио Мадандо, италијански фотограф. Ја тера Олимпиос да лаже дека била во сиера Леоне да се бори со ебола и ја убедува да учествува во реклама за охрабрување спонзорство за деца-војници (за да добијат подобро оружје). И нормално, девојката едвај се снаоѓа.
И според Силман,
На серијата, Коен ја има целата моќ. Целосно ја контролира ситуацијата; знае се, а соговорникот нема поим. Да гледаш како комичар со практични шеги брука моќни луѓе и како им ја одзема моќта е смешно, затоа што го расипува редот на работите. Кога се интервјуираат луѓе без моќ, динамиката се менува. Товарот на Коен да го оправда тоа што го прави станува потежок; брукањето треба да биде загарантирано, или барем изненадувачко и разоткривачко.
Ваквиот став е проблематичен затоа што вакви или онакви, луѓето што прифаќаат да учествуваат во серијата на кој и да е начин - прифаќаат стоејќи зад своите ставови, а Саша Барон Коен одамна се води според тоа дека ако си глуп, треба да си кажеш гласно, а тој ќе ти даде платформа за тоа, без разлика кој си.
Односно, на Коен му е гајле дали си машко или женско, ако си кретен.
Па сепак, за Vulture, една Кетрин Ван Арендонк несреќно ќе се запраша
Зошто се претпоставува дека е пресмешно да се гледа како моќен маж манипулира млада жена, гладна за слава што нема поим од животот?
И тоа е глупо на повеќе нивоа.
Коунс одговараше на прашања за Vulture и раскажа дека уживала што учествувала во серијата, па Силман заклучува дека на крај излегла и супер. Од друга страна, со сочувство пишува за Олимпиос, која „се плашела и била манипулирана за време на снимањето.” Инаку, Bachelor, каде што ги има добиено првите 15 минути слава секако важи за франшиза позната по експлоатација и манипулирање на жени, плус во еден момент тврдеше дека еден од натпреварувачите сексуално ја нападнал (Судот го ослободи од обвиненијата).
Не дека ќе ни биде лошо да донесе Коен и влијателни жени за заебавање. Има Ана Силман и добри идеи, на пример да се побара од „женските” сфери, каде што има њу-ејџ велнес лудачи, опасни шефици популарни по строгоќа, инфлуенсерки на социјални мрежи, гуруа за родители дежурни за креирање паника, и секакви други.
Но, без разлика дали ќе ги донесе, ние останатите изгледа ќе почекаме пред новата свест за инклузивност и чување на женските права да се консолидира и да си ги среди приоритетите. До тогаш, ќе читаме за промашени теми и „зошто Саша Барон Коен не заебава поинтересни жени, овие глупиве се досадни и не е фер.”