Шарлот ефект

Каква Меган Маркл, каква Кејт Мидлтон.

Пред некое време пишавме: Те облече ли Меган Маркл - на коњ си, и стварно е така, со оглед на тоа што сè што ќе облече новата војвотка се распродава за неверојатни 11 минути и други слични минутажи несвојствени за фирми што не се на ултра-мега инфлуенсер како една Ким Кардашијан. Слично, но сепак послабо важи и за Кејт Мидлтон, со тоа што она дава послаби резултати само затоа што Меган ја сакаат и во Америка. А сега треба да се тргнат на страна затоа што имаат опасна конкуренција: тригодишната принцеза Шарлот. Таа вреди драматично повеќе од нејзините братчиња - и тоа се брои во милијарди.

Во септември 2017-та, консултантската фирма Brand Finance пресмета дека вредноста на Шарлот е 4,2 милијарди фунти, што е за една милијарда повеќе од Џорџ.

Зошто е толку вредна? Затоа што - Шарлот ефект: сè што ќе облече инстантно се распродава. Синото фустанче што го носеше во болница кога се роди помалиот брат, за помалку од 24 часа се продаде во секоја големина: од 6 месеци до 6 години. Жолтото џемперче што го носеше за вториот роденден се распродаде онлајн кратко откако се објави фотографијата.

А не се работи само за економска вредност. Благодарение на нејзината енергија, излегува дека е највиралната ѕвезда од целото семејство. Во јули минатата година, направи curtsy како што се очекува од една мала принцеза и без разлика што никој не забележа, интернетот не го промаши тоа, колективно воскликна и се даде на правење гифови со 'aaaaaaaaaaw'.

И на втората кралска свадба, без разлика што сите гледаа во сегашната војвотка од Сасекс, никој не пропушти да се воодушевува „колку е принцезата Шарлот слатка.”

Дури и ја забележале дека се занесува - на еден прекрасен начин.

Вог пишува:

Сè уште е мала, и тешко е да се даде значење на стварите што ги прави тригодишно дете, но еден факт е од многу голема важност: благодарение на промените во законот, таа е прво девојче што не тргаат од редот за престолот. Така што, можеби гледаме во дотеран симбол на феминистичка иднина.

26 јули 2018 - 13:09