Те облече ли Меган Маркл - на коњ си

Додека била дома, со слободен ден од нејзиниот шкотски бренд за ташни Стратбери, кој инаку го води заедно со сопругот Гај, Лиен Хендлби добила телефонски повик. Се јавил Гај, кој побарал веднаш да вклучи телевизор, со муабетот „Мислам дека Меган носи наша ташна.” Ташната е една од нивните класични модели со средна големина, во вредност од 495 фунти, а Меган е, нели, тогаш свршеничката на идниот Војвода од Сасекс - Принцот Хари.

Она што следело било еден моден хаос. На брендот, кој продава директно на крајните муштерии преку нивниот сајт, му се случува пораст на продажбата од 5000 (ПЕТ ИЛЈАДИ!) проценти. Единаесет минути откако Маркл се појавува со ташната, веќе е распродадена. „Тоа беше најлуд ден што сме го имале,” вели Хендлби. „Секогаш кога ќе донесевме нови, ги снемуваше, често нарачани од земји како Јапонија и Германија каде што претходно и немавме некоја популарност. Луѓето ги купуваа сите бои, па се префрлија на помалите модели. До Божиќ немавме што да понудиме. Сè беше распродадено.

Меган Маркл станува окситоцинот на модата.

На денот кога беше објавена свршувачката со Хари, Меган стоеше во градината на Кенсингтонската палата, ненаметлива и покрај нејзините одлични Аквазура штикли, изјавувајќи пред светот едноставно: „Пресреќна!”

Маркл можеби изгледа дека не се труди, но како модна ѕвезда во подем, станува свесна за облеката што ја носи и пораката што ја испраќа со тоа. Неколку добри капути, ташни со средна цена, фини тесни фустани што добро и стојат, Аквазура и Маноло Бланик, тесни фармерки, широки кошули - сè е тоа дел од формула што никогаш не потфрла.

Нејзината најгласно модна комбинација беше еден Александар Меквин смокинг, со Џими Чу штикли, кој го носеше наместо конвенционална тоалета на едно доделување на награди минатиот февруари. Резултатот беше пријатен, наместо шокантен, што само можеше да помогне во создавањето на моќни модни пријатели. Мајкл Корс не може да се назбори фини работи за нејзе. „Мислам дека се познава себеси и си има најдено униформа што и одговара во новата улога,” изјавува тој за Вог. „Нејзиниот стил е опуштен со доза на едноставна софистицираност. Дефинитивно модно го освежува кралскиот стил. Знае што ѝ стои добро и што функционира во различни ситуации, што значи дека повеќе од пола работа ѝ е завршена!”

Нејзината способност да предизвика распродажба на некои производи се гледа кај речиси секој бренд во кој ќе ја начекаат. Меган-ефектот функционира со секој буџет. Џемперот од 45 фунти од Маркс и Спенсер што го носеше на посета на една радио станица се распродаде во рок од неколку саати, а Нет-а-портер ја зголеми продажбата за 600 проценти кај Џејсон Ву, и неговиот тегет фустан што Меган го носеше во февруари.

Ова не е ново за кралското семејство, затоа што на пример, Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, со нејзините модни избори донесе милијарда фунти во британската модна индустрија.

Сепак, можно е Маркл да ја надмине. Експертите сметаат дека Маркл може да донесе 500 милиони оваа година, со тоа што може да надмине една милијарда поради тоа што ја следи и американска публика.

Како помина венчавката види во: Го дадоа Хари

Види и: Зошто кралската венчавка е супер за феминисти

14 јуни 2018 - 17:29