Кога палатата била бомбардирана од нацистите, кралицата која редовно го посетувала Ист Енд, локација што најмногу настрадала од бомби, рекла, „Мило ми е што нè бомбардираа. Сега можеме да го погледнеме Ист Енд во очи.”
За една генерација, тие не биле само пристојни луѓе, туку живи симболи на пристојност. Го претставувале Британецот во најдобро светло. Отелотворувале - а задача им било, пред сè, да отелотворуваат - што значи да се биде добра личност: да се биде храбар, несебичен, сочувствителен. И новите генерации веројатно никогаш нема да чувствуваат поврзаност со кралското семејство како што тоа го чувствувале нивните баби и дедовци.
Во денешно време кога нацисти во 2018-та го поздравуваат Трамп, кога се извикуваат нацистички слогани пред да се убие, кога нацисти ги профилираат во Њујорк Тајмс и кога нацисти прават кафе, она што кралското семејство го направи е исправање пред новата инфузија од расизам и мизогинија.
Зошто? Затоа што ужасните луѓе го мразат бракот на принцот и глумицата.
Се дискутира како Хари бил многу „бета”, затоа што Маркл била разведена, 37-годишна и најверојатно не-девица која и претходно имала мажи.
И тоа, ова само од кај мизогинистите. Дејли Стормер го напиша следното за Маркл:
„Ако црвенокосиот принц сакаше да се забавува, можеше само да ја плесне оваа мулатска курва, да му помине, па да се ожени за пристојна жена која ќе му го продолжи потомството.”
Што убаво.
Тоа што уште повеќе ги вреѓа истите морони е што Меган Маркл ќе биде принцеза - а круната воопшто не ги слуша како се дерат. Нивното мислење не им е важно на луѓето кои треба да ги претставуваат Британците во најдобро светло.
Во некое друго време, можеби и ќе ги слушнеа. Никој не беше до крај сигурен дека Хари и Меган ќе добијат благослов. Во 1936-та, кралот Едвард мораше да абдицира затоа што сакаше да се ожени за Волис Симпсон, разведена Американка. Во ’50-тите, принцезата Маргарет не можеше да добие благослов од круната за да се омажи за разведениот Питер Таунсенд. И во ’70-тите дури, Камила не ја ни сметаа за достојна кандидатка за принцот Чарлс, затоа што „не изгледала девствено.”
Семејството можеше да му каже на Хари дека врската му е премногу контроверзна за да биде прифатена. Фактот што сепак не беше така, плус фактот што Кенсингтонската палата издаде официјални изјави за осудување на сексизмот и расизмот упатен кон Маркл - е револуционерно. Но, кралското семејство е секогаш корисно кога треба да се замолчат силеџии.
Во вакви времиња, кога на светот му фали морален компас, прекрасно е да се види дека семејство кое треба да претставува сè што е добро кај еден народ, се спротиставува на расизам и сексизам. И како за пример, изгледаат сигурни дека вредности како инклузија и љубов ги претставуваат луѓето во најдобро светло.