
Писмото го напишала Зои Кару, која се изнервирала кога видела знаци на кои пишува „Linemen” - кои означуваат дека во областа работат луѓе кои инсталираат или поправаат кабли и бандери - додека одела да ги посети баба и и дедо и во Истбурн.
„Зошто на знакот пишува 'Linemen', кога луѓето што го работат тоа можат да бидат и мажи и жени? Мислам дека знакот е погрешен и нефер. Се согласувате?” пишува Кару во писмо до Фергус Геми, директорот на Новозеландската агенција за транспорт.
„Јас не сакам да работам на бандери кога ќе пораснам, затоа што има многу повозбудливи работи што би сакала да ги правам, но некои девојчиња може ќе сакаат да научат да работат со бандери и да бидат linewomen.
Може ли ве молам да ги смените знаците и да пишува Line-workers, или нешто такво точно и фер,” прашува таа.
Геми ѝ вратил на Зои, и ја пофалил за предлогот и „што преземала нешто во момент кога мислела дека нешто што не е фер треба да биде поправено.” И ѝ напишал браво.
Пишал и дека агенцијата се согласува со Зои, но ја информирал дека за предлогот 'line-workers' знаците би морало да се направат поголеми. Затоа, како што уредно му објаснил на девојчето, се одлучиле да пишува 'line crew', затоа што го собира и дека ќе почнат да ги менуваат кога ќе дотрајат. И ќе требало да помине малку време.
Ова ви е parenting done right.
Feminism done right.
И директори на јавни установи done right.