Филип Кузмановски во историското реми 29-29 против Португалија постигна 15 гола или повеќе од половината на целата македонска репрезентација.
Капитенот на Еурофарм Пелистер и лидер на македонската репрезентација се израмни со Лазаров кој на Светското првенство 2009 против Јужна Кореја во натпревар за 11. место постигна 15 гола. Со тоа што Кузмановски имаше помал број на обиди односно поголема процентуална успешност од Лазаров.
А рекордер број 1 во историјата на Европските првенства е Норвежанецот Кјетил Штранд. Тој во 2006-та година на Европско првенство во Швајцарија против Исланд постигна надреални 19 гола!
Филип Кузмановски заслужено ја доби наградата МВП за најдобар играч на натпреварот. Тој од дома ја имаше поддршката од своето најблиско семејство, од сопругата Моника и синот Матијан кој пред малите екрани го бодреше татко му.