- Од здравстгвени компликации, на 55 години почина познатиот бодибилдер Арлиндо де Соуза кого го викаа „Бразилскиот Попај.“
- Стана популарен по огромните бицепси и контроверзниот начин на кој ги пумпаше, со опасна мешавина од минерално масло, алкохол и аналгетик.
- На тој начин постигна нивен обем од 74 сантиметри.
- Иако сведочел како негов пријател билдер починал од истиот коктел, Попај тврдеше дека тој умее да се контролира.
- На Соуза му откажал бубрег, му се наполниле белите дробови со течност, срцето доживеало инфаркт....
- Дебил, Бог да го прости.
- Испораките на сурова нафта преку Ормускиот проток во изминатата недела се приближија речиси до нивото пред војната на САД со Иран. Разликата е што американската поморска блокада не дозволува транспорт на иранска нафта.
- Според податоци на Kpler, седумдневниот просек на транзит во понеделникот достигнал 13,5 милиони барели на ден, колку што бил и во февруари од земјите од Персискиот залив, без Иран.
- Извозот на Саудиска Арабија од 6,4 милиони барели на ден го надминал просекот од 5,4 милиони барели во 2025 година. Дел од својата нафта Саудијците извезуваат и преку Црвено Море.
- Сепак, глобалната криза со гориво продолжува бидејќи протокот на рафинирани нафтени производи е 677.000 барели на ден, за разлика од 3,6 милиони барели пред да почне војната.
- Русија и Кина објавија забрана за извоз на дизел. Со забрана за извоз се закани и американскиот претседател Трамп, кој ги притиска европските земји да почнат да ги користат своите стратешки резерви на гориво за да ги спуштат цените на бензинските пумпи.