
За волја на вистината, не е било која снаа - Никола Пелц, сопругата на најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам - Бруклин, е наследничка на богатство вредно милијарда долари, ама не е тука интересното. Интересното е како некои феномени како затегањата на тема снаа-свекрва не можат само на нас да ни ги припишуваат - просто се човечка ткаенина и крај.
Ај по ред.
Бруклин Бекам има 26 години, а со Никола Пелц е во брак од 2022. Од прва, работите изгледаа идилично, семејствата комуницираа, Никола ја имаше на разни настани и фотографии со свекор, свекрва и така натаму. Да, беше малце чудно што невестинскиот фустан не беше од Викторија Бекам (да ти е Викторија Бекам свекрва и да одиш кај друг дизајнер по фустан?!), ама како да помина тоа, некако.
Сепак, во последно време, Бруклин и Никола ги снемуваше од заеднички настани (а Бекамови се врзани како црева), па излегуваа муабети дека не ги сакаат, па одеднаш - прекинаа комуникација, а Бруклин Бекам со адвокати побара да не му се обраќаат веќе.
Се појавија вести дека на свадбата, Марк Ентони кој држел говор ја поканил „најубавата жена во просторијата да стане“, а кога станала невестата, Марк Ентони се доискажал со „...Викторија Бекам“, на што Никола Пелц наводно со плачење истрчала надвор.
Ако е така, Марк Ентони е малце сељак, но одиме понатаму.
После неколку недели млаки вести околу балканштината на Бекамови, Бруклин Бекам на шест Инстаграм објави на стори отвори нови теми за трачеви по кои што интернетот збудале и почна да толкува. И да, знаеме дека во моментов светот се бави со многу поважни работи, дека Гренланѓани не спијат навечер, а Иран поминува низ револуција, ама не ќе се преправаме дека не ни се слуша трач од сабајле сега!
Во продолжение, целото писмо на Бруклин Бекам во директен превод, а вие пуштете си некој саундтрак од турска серија да ви завива во позадина за комплетно доживување:
Молчев многу години и правев секакви напори да остане сево ова приватно.
За жал, моите родители и нивниот тим и понатаму одат по медиуми и не ми оставаат друг избор освен да зборувам во свое име и да ја кажам вистината за некои од лагите што се печатат.
Не сакам да се смирам со моето семејство. Не ме контролира никој, се бранам прв пат во животот.
Цел мој живот, моите родители ги контролираа наративите во медиумите за нашето семејство. Перформативните објави на социјалните мрежи, семејни настани и неавтентични односи биле секогаш дел од животот во кој што се родив. Неодамна, со свои очи видов до каде се спремни да одат и да пласираат безброј лаги во медиумите, главно на грбот на невини луѓе, за да ја заштитат сопствената фасада. Но, јас верувам дека вистината секогаш ќе исплива на површина.
Моите родители неуморно се трудеа да ми ја уништат врската уште пред свадбата и тоа сè уште трае. Мајка ми ја откажа изработката на фустанот на Никола во последен момент, и покрај тоа што таа се радуваше што ќе носи нејзин дизајн, што ја принуди итно да бара нов фустан.
Овде ќе го прекинеме преводот да споделиме еден коментар од случаен корисник, на една од многуте објави на темава што држи вода: Невестинскиот фустан на Никола Пелц беше спреман година-дена, со летање до Милано за проби неколку пати. Како сега „во последен момент, нов фустан“?

Недели пред свадбата, моите родители постојано ме притискаа и се обидуваа да ме поткупат да им ги препуштам правата на моето име, што ќе влијаеше на мене, на жена ми и на децата што би ги имале во иднина. Беа решени да потпишам пред свадбата затоа што тогаш требаше да почнат и условите од договорот. Тоа што се воздржував влијаеше на датумот на кој требаше да бидат исплатени и оттогаш се однесуваат поинаку со мене. За време на планирањето на свадбата, мајка ми отиде дотаму да ме нарече „зол“ затоа што со Никола решивме да ги седнеме бабите со нас на главна маса затоа што и двете се без нивните сопрузи. Двата пара родители имаа маси еднакво оддалечени од нашата.
Вечерта пред свадбата, членови на моето семејство ми рекоа дека Никола „не е крв“ и „не е фамилија“. Од моментот кога почнав да се бранам пред моето семејство, моите родители ме напаѓаа и јавно и приватно, со напади кои по нивна наредба се праќаа во медиумите. Дури и браќата ги праќаа да ме напаѓаат на социјалните мрежи, пред на крај да ме блокираат ненадејно минатото лето. Мајка ми ми го украде првиот танц со жена ми, што го планирав со недели однапред на романтична љубовна песна. Пред нашите 500 гости, Марк Ентони ме викна на сцена, каде што по распоред требаше да имам романтичен танц со жена ми, но наместо тоа, мајка ми чекаше да танцува со мене. Танцуваше многу неприкладно на мене пред сите. Никогаш не ми било понепријатно и не сум бил попонижен во животот. Сакавме да си ги обновиме заветите за да создадеме нови спомени за свадбата што ќе ни носат радост и среќа, а не анксиозност и срам.
Моето семејство вреднува промоција пред јавност и соработки пред се друго. Брендот Бекам е секогаш на прво место. „Љубовта“ во семејството се доделува во однос на тоа колку објавуваш на социјалните мрежи или колку брзо ќе оставиш сè на страна за да дојдеш и да позираш за сликање, макар и да страдаат професионални обврски. Со години сме се труделе да се појавуваме, да одиме на секоја ревија, на секоја забава, на секој настан за печат, да го покажеме нашето совршено семејство. Но, само еднаш кога жена ми побара поддршка од мајка ми да спасиме кучиња од пожарите во ЛА, мајка ми одби.
Овде ќе го прекинеме преводот пак, за да истакнеме уште еден случаен коментар од корисник: Никола Пелц е милијардерка. Стварно ѝ требаше помош од Викторија Бекам да ги спаси кучињата?
Наративот дека жена ми ме контролира е комплетно наопаку. Мене родителите ме контролираат цел живот. Растев преплавен со анксиозност. Прв пат во животот, откако се оддалечив од семејството, таа анксиозност исчезна. Секое утро се будам благодарен за животот што го избрав и најдов мир и ослободување.
Со жена ми не сакаме живот диктиран од имиџ, новинари или манипулации. Само сакаме мир, приватност и среќа за нас и нашето идно семејство.
До овој момент, нема контра изјава од Дејвид и Викторија Бекам, и нешто ни кажува дека нема ни да има.
Ете, сега знаете. Ќе следиме.