
Може се буневме (и за бунење е!) што девојките со просечна фигура не се доволно застапени во медиумите, туку цело време се закачаат дебели со слаби, ама барем после години игнорирање, конечно гледаме разноликост во модниот свет, поточно кај манекенките што брендовите ги бираат да ги претставуваат.
Ешли Греам сме ја пишувале неколку пати, од тоа дека е амбасадор на новиот концепт за убавина, до нејзината најсредена ташна на свет, до говорот што го оддржа пред еден куп девојчиња што мора да им го пуштите на ќерките, па и она видео каде што покажува како да носите работи што ви рекле дека нема да ви стојат.
И сега пак е Ешли позитивна во врска со сопствената форма (што ја дели со милиони жени), и многу фино доаѓа вака пред (а и за време) на одмори, кога се уште можеби имате остатоци од притисокот за т.н. beach body што е некаде длабоко под пецивата и тортите од пред 2-3 месеци.
Едно меме што се врти по интернет вика вака:

А Ешли вика вака: